Се сомнева дека сексуално ја злоставувал од шестгодишна возраст, пишува Блиц.

Апсењето се случило затоа што човекот веќе бил осуден за намамување малолетници, а го следеле и членови на секторот за високотехнолошки криминал во Белград.

Човекот од Нови Пазар испраќал видеа од злоупотреба на деца преку пораки на социјалните мрежи до други педофили и земал пари за тоа. Често објавувал и фотографии со својата ќерка. Моментално е во затвор во Белград.