Ужас во регионот: Полицаец си ги уби детето и сопругата, па се самоуби

January 27, 2024
1 min read

Синоќа околу еден час по полноќ М.Д.(51) од Подгорица со огнено оружје ги убил сопругата В.Д.(49) и неговиот 12-годишен малолетен син, а потоа се самоубил.

Како што пишуваат црногорските медиуми, М.Д е пензиониран службеник на Полициската управа.

-Истрагата на лице место ја спроведе државен обвинител во Вишото државно обвинителство во Подгорица со учество на балистички експерти и службеници на Одделението за безбедност во Подгорица. М.Д бил пензиониран вработен во Полициската управа, а В.Д. воспитувач, соопштија од Полициската управа.

Според засега достапните информации, пиштолот кој бил употребен како средство за извршување на ова дело бил во приватна сопственост.

На лице место се пронајдени уште две огнени оружја, за кои полицијата ќе утврдува дали ги поседува законски.

-Според податоците со кои располага во моментов Управата на полицијата, се сомнева дека мотив за извршувањето на ова дело е наталожената состојба предизвикана од здравствената состојба на член на семејството, момчето кое беше лишено од живот, стои во изјавата на констатира Управата на полицијата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Северина со потресни зборови се обрати на првиот концерт откако судот ѝ го одзеде синот! (ВИДЕО)

Следно

Во израелските напади на Појасот Газа убиени се 174 Палестинци во последните 24 часа

Latest from Blog

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.

Ристовски најави: 438.000.000 денари поддршка за македонскиот спорт

Македонскиот спорт ќе добие 438.000.000 денари поддршка од државата соопшти министерот за спорт Борко Ристовски во своето обраќање на денешното редовното годишно Собрание на Ракометната федерација на Македонија (РФМ). – После субвенциите

Бастони и кажа “ДА“ на Барса!

ФОТО:facebook.com/Inter Еден од најдобрите дефанзивци во светот и еден од најдобрите фудбалери на Интер и селекцијата на Италија, се сели во Ла Лига. Алесандро Бастони, ги прифати сите услови понудени од Барселона
Go toTop