Според информациите, на грозоморниот напад му претходела расправија меѓу брачната двојка, по што сопругот почнал да ја полева несреќната жена со бензин.

Во моментот на трагедијата во куќата биле и нивните малолетни деца.

Жената била пренесена во болница со тешки повреди, имала изгореници на 90 отсто од телото. И покрај натчовечките напори на лекарите, таа починала денеска во болница.

Медиумите јавуваат дека во нападот е повреден и братот на починатата жена, кој ќе мора да биде опериран.

Соседите тврдат дека сопругот и претходно бил насилен кон жртвата.

Тој е приведен и се наоѓа во притвор.