Утврдена потребата за носење на измени на законите за потрошувачи и за вршење на сметководствени работи

February 24, 2025
1 min read

Собранието во рамки на денешната 35. седница ја донесе одлуката за распишување јавен оглас за избор на здружение од областа на човековите права, полициското право и правосудството за механизмот за граѓанска контрола во состав на Народниот правобранител, како и одлуката за објавување јавен оглас за именување директор на Агенцијата за квалитет во високото образование. Исто така, беше утврдена потребата за носење на измените и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачите и на Законот за вршење на сметководствени работи, по скратена постапка.

Без дискусии помина првото читање од Законот за изменување на Законот за националната инфраструктура на просторните податоци на Република Северна Македонија и постапката за носење на истиот ќе продолжи со второ читање, односно ќе се достави до Комисијата за политички системи, односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија на Собранието.

На седницата беше поддржана оценката дека неоправдано е барањето за автентично толкување на Законот за вработените во јавниот сектор, односно укинувањето на балансерот, поднесено од пратениците на ДУИ. Во име на подносителите на барањето, пратеничката Арина Ајдари истакна дека од денот на поднесувањето до ставањето на дневен ред на седница поминале шест месеци, поради што беспредметно е разгледувањето на ова барање, а упати и критика што досега не е донесен најавениот закон за правична застапеност.

Пратениците го изгласаа Законот за изменување на Законот за складирање и заштита од запаливи течности и гасови, по што на дневен ред се најде предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија во второ читање. По гласањето за предлогот пратениците од ДУИ реагираа на начинот на утврдување присутни во салата при номиналното изјаснување на пратениците кои се припадници на немнозинските заедници, по што беше побарана пауза од еден час.

Инаку, не беа прифатени три закони по скратена постапка, од кои едниот е предлог-закон за изменување на Законот за заштита на потрошувачите поднесен од пратеничката група на Левица, а што се однесува на укинивање на обврската за двојазични декларации на амбалажата на производите во трговијата. Не беше прифатен и предлогот за дополнување на Кривичниот закон со кој се бараа измени околу кршење на законот од страна на судиите, а поддршка да се носи по скратена постапка не доби и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност, поднесен од пратениците на СДСМ, кои со ова законско решение бараа намалување на стапката на ДДВ од 18 на 5 отсто за електричната енергија и целосно укинување на овој данок за прехранбените производи.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Здравковски: Економските генијалци од СДСМ, додека беа на власт, спротивно од сега ги зголемија стапките на ДДВ на стотици артикли

Следно

Koj e Дан Бонгино, контроверзниот нов заменик-директор на ФБИ, пријателот на Крис Павловски

Latest from Blog

Општина Битола со поддршка од Владата ги подобрува локалните патишта

Општина Битола во тековната година освен своите програми, ќе реализира и проекти одобрени од вториот повик на Владата за изградба и реконструкции на патишта во населените места во општината. Изградба на коловоз

Општина Битола со апел до сопствениците на напуштени и небезбедни објекти

Општина Битола испрати писмено известување до 24 сопственици на куќи кои претставуваат потенцијална опасност од рушење или паѓање на делови од куќа врз коловоз или тротоар во градот. Од Општина Битола очекуваат

Во четвртиот квартал лани 1.004 новоизградени станови, во фаза на градба се 26.522

Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од октомври до декември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 1.004 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 159

Карик: Никој не може да гарантира дека ќе победиме и на следниот натпревар

фото: Manchester Utd (X) Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, не верува дека победите на фудбалските натпревари можат да бидат загарантирани. „Црвените ѓаволи“ претходно ја обезбедија својата четврта последователна победа, победувајќи го

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи
Go toTop