Утрово најстудено во Берово, во текот на денот температурите до 19 степени

March 5, 2025
1 min read

Утрово е најстудено во Берово, -7 степени, а максимален еден степен е измерен во Виница. Како што информира УХМР, -5 степени е во Битола, -4 во Маврови Анови, -3 во Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Демир Капија и Струмица, -2 во Претор, Штип и Гевгелија, -1 во Крива Паланка, Велес, Кавадарци и Попова Шапка, како и 0 степени во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Куманово и Крушево.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка е 23 сантиметри.

Според УХМР, преку денот ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се движи од 14 до 19 степени. Во Скопје сончево и релативно топло со слаб северен ветер и температура до 18 степени.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Артета: Навистина уживав во играта на Арсенал против ПСВ

Следно

Јавниот обвинител на Флорида отвори кривична истрага против браќата Тејт

Latest from Blog

Декември 2025 натпросечно топол и потпросечно врнежлив

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија. Во споредба со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување

По една деценија, Прилепскиот дувачки оркестар повторно ја креира музичката сцена

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина
Go toTop