Утрово -7 во Берово, 31 сантиметар снег на Попова Шапка

February 23, 2025
1 min read

Најниската температура утрово е измерена во Берово, каде што беше -7 степени Целзиусови, додека највисоката од 3 степени е забележана во Гевгелија.

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, утринските температури низ земјата варираа – во Крива Паланка беа измерени -5 степени, во Крушево -4, во Виница -3, а -2 степени имаше во Штип, Маврови Анови и Попова Шапка. Во Претор, Прилеп, Кавадарци и Струмица температурата изнесуваше -1 степен, додека во Скопје-Петровец, Тетово и Битола беше 0 степени. На Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Демир Капија и Велес беа измерени 1 степен.

Висината на снежната покривка, измерена во 7 часот наутро, изнесува 31 сантиметар на Попова Шапка, а во Маврови Анови снежниот слој достигна 8 сантиметри.

Денеска се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има услови за локални врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а максималната дневна температура ќе се движи меѓу 3 и 7 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, а во делови од котлината ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а максималната температура ќе достигне 7 степени.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Следно

Завршува ерата на неточни броила! – Енергетика бара опремата за проверка на струјомерите да биде на располагање на граѓаните

Latest from Blog

ЗА ТОА ШТЕ ЌЕ СЛЕДИ ВИНОВЕН Е ЗЕЛЕНСКИ – Москва најави сосема нов вид војна во Украина

Москва во рок од само неколку минути испрати две фатални и бескомпромисни пораки до украинското раководство: руското Министерство за одбрана најави драстично засилување на ракетните удари низ цела Украина, додека Кремљ децидно

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот
Go toTop