Утре започнува учебната година: Во клупите ќе седнат 177.800 основци и 67.200 средношколци

August 31, 2025
1 min read

Новата учебна 2025-2026 година утре ќе ја започнат 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. Настава ќе има до 10 јуни, а исклучок ќе бидат матурантите за кои редовните часови ќе траат до 15 мај. Обезбедени се учебници за сите ученици, а за првпат по седум години ќе има и учебници по странските јазици.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска и информираше дека во повеќе училишта условите за настава се подобрени, а инклузијата е подигната со ангажирање на зголемен број образовни асистенти во основното и за прв пат во средното образование. Учениците ќе се запознаваат со придобивките од вештачката интелигенција и ќе учат етички да ја користат за образовни цели.

„Втора учебна година по ред започнува со учебници за сите ученици. Целосно нови учебници има за VII одделение во основното образование и за I година во гимназиите, поради примената на нови наставни програми и најавувам дека овој процес на обнова на наставните содржини ќе има континуитет. За првпат по седум години учениците ќе добијат и учебници по странски јазици – англиски, француски, германски и италијански јазик“, истакна Јаневска, нагласувајќи дека сите се испечатени и над 90% од тиражот е веќе испорачан.

Министерката информираше дека системски е решен предизвикот со учебниците кој се провлекуваше со години и дека повеќе нема предмети во основното образование без учебници, нема користење на учебници без склучени договори и регулирани авторски права и нема доцнење на испораката со месеци.

Направени се и крупни инвестиции за подобрување на образовната инфраструктура. Во период од една година отпочнат е инвестициски циклус од 67 милиони евра. Дел од градежните проекти се завршени, а дел во фаза на реализација.

Јаневска рече дека започнува примената на нов електронски дневник кој има значително подобри перформанси од претходниот и наставниците ќе можат да се најават и пополнуваат податоци во секој момент.

„Вештачката интелигенција влегува во наставата. Со задоволство споделувам дека е изготвен сеопфатен прирачник за едукација и на наставници и на ученици, со јасни инструкции за етичка и ефикасна примена на новите технолошки алатки за образовни цели“, нагласи министерката.

Освен 1.346 образовни асистенти во основните училишта, Јаневска информираше дека за прв пат образовна асистенција ќе добијат и средношколците со посебни образовни потреби, а нив ќе им помагаат 130 образовни асистенти.

„За прв пат е воведено и формално образование за децата на долготрајно болничко лекување и тие повеќе нема да губат настава. Зависно од нивната состојба ќе можат да се вклучуваат онлајн во својот клас или, пак, наставникот индивидуално ќе работи со нив“, истакна Јаневска.

Министерката очекува наставниците мотивирани да ја започнат новата учебна година, во која, како што рече, ќе имаат и ново зголемување на платите, онака како што беше договорено пред една година, од 7,5% до 10% во зависност од степенот на инфлацијата, за да има реален раст без манипулации.

Во новата учебна година, обезбедена е поголема поддршка за талентираните ученици, односно целосно покривање на трошоците за учество на меѓународни научни олимпијади, а за сите ученици е овозможено професионално, односно кариерно насочување.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поранешната филмска ѕвезда сега е мајка Лукија

Следно

Османи го претстави проектот „Чаир за сите деца“

Latest from Blog

Коњановски: Почна изградбата на модерни игралишта во „Даме Груев“

Со почетокот на новата градежна сезона, започна изградбата на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“, проект кој се реализира во рамки на вториот владин повик преку Министерството за образование и

Димитриеска-Кочоска по разговорите со ММФ: Следуваат нови економски чекори

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари конструктивен состанок со извршниот директор во Меѓународен монетарен фонд, Јерон Клик, на кој се разговарало за актуелните економски состојби и предизвиците со кои се соочува земјата.

Средношколците влегуваат во светот на бизнисот: започна „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ со парична награда за старт-ап бизнис

Со учениците од СУГС „Никола Карев“ Скопје денеска започна националниот проект и хакатон-серијал „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ образовна иницијатива што ги поврзува средните училишта со реалниот бизнис-сектор и им овозможува уште во
Go toTop