Утре во Кинотека комеморација во чест на Крсте С. Џидров – Џиби

September 5, 2023
1 min read

Утре (6 септември), со почеток во 11 часот во Кинотека на Македонија ќе се одржи Комеморација во чест на истакнатиот македонски сценограф и архитект Крсте С. Џидров – Џиби, кој по долго боледување почина на 73-годишна возраст.

Крсте С. Џидров е роден во 1950 година во Скопје, а од 1970 има направено сценографии за над 150 претстави во театрите низ Македонија, Хрватска, Косово, Србија, Шведска, Бугарија, БиХ, плакати за 70 претстави, сценографии за 10 филма, имал голем број изложби и добил повеќе награди. Соработувал со плејада режисери, меѓу кои: Владимир Милчин, Димитар Станкоски, Коле Ангеловски, Слободан Унковски, Дритро Касапи, Зоја Бузалковска, Благојче Божиновски, Примож Беблер, Бесфорт Идризи, Рефет Абази, Дино Мустафиќ… Во 2018, кога славеше 35 години активна театарска дејност, јубилејот беше обележан со ретроспективна изложба на Млад отворен театар (МОТ). Во Младинскиот културен центар, на 96 паноа, тој ги изложи педантно собираните сценографии, цртежи, скици и фотографии, скици и макети од претставите и филмовите што ги работел од 1970-тите, па наваму.

За својата сценографска и графичка дејност, Крсте С. Џидров е добитник на повеќе значајни награди. Од наградите за сценографија се издвојуваат: Аматерските театарски смотри во Кочани, во 1981 година, за претставата Како трупата „Сина блуза“ ќе ја прикажеше „Животинска фарма“ од Џорџ Орвел; потоа на театарските игри Војдан Чернодрински во Прилеп во 1984 година (за Натемаго на филозофскиот факултет и Пахантика во сон), 1987 година (за Калуѓерички тишини), 1989 (за Спиро Црне), во 1993 (за Женски прилог во ноќта) и во 2003 година за претставата Колку пати ќе умираме. Исто така е добитник на наградата на фестивалот Стериино позорје, во Нови Сад, во 1987 година, каде ја има добиено наградата УЛУПУДС за претставата Дервишот и смртта на Покраинското позориште од Приштина; на Позоришни сусрети Јоаким Вујиќ во Приштина, 1988 година, за претставата Брегот на жалоста; на БИМАС 85 за претставата Бакхи на Дубровачките летни игри во 1985 година, и на фестивалот на Албански театри во Дебар за претставата Дервишот и смртта Албанска драма Скопје, во 2004 година. Од наградите за театарски плакати значајни се оние на Триеналето на театарски плакат – Стериино позорје, Нови Сад за претставата Баал, во 1990 година, и наградата на театарските игри Војдан Чернодрински во Прилеп, за претставата Грев или шприцер (1993 година). Во 2021 ја доби наградата за животно дело на 55. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Манев: Никој не може да ѝ се заканува на Италија, но веруваме во позитивен резултат

Следно

Германија демонтира воздушни турбини за да копа јаглен

Latest from Blog

Пезешкијан: Иран никогаш нема да попушти пред претераните барања на САД

Пезешкијан ова го порача за време на виртуелен состанок посветен на разгледувањето на кандидатурата на Мехрдад Ахлаги Кетабчи за нов министер за одбрана на Иран, објавија иранските медиуми.  Пезешкијан нагласи дека на

Меџити: Поддршка за занаетчиите и зачувување на духот на Старата скопска чаршија

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, најави продолжување на институционалната поддршка за Старата скопска чаршија, со акцент на зачувувањето на традицијата, промоцијата на културата и развојот на локалните

Јунајтед продолжува по старо: Шестти меч по ред без победа за „црвените ѓаволи“ (Видео)

Серијата без победа за Манчестер јунајтед продолжи и на гостувањето кај Лидс, па „црвените ѓаволи“ веќе шестти меч по ред не знаат за триумф. Избраниците на Мајкл Карик последната победа ја забележаа

„И Здравје и Работа“: Европа ги забрзува постапките за критични минерали, Македонија треба да го искористи потенцијалот на Иловица

Од иницијативата повикуваат јавната дебата за рударството да се темели на факти, стручност и одговорно разгледување на економските можности и еколошките стандарди. Европската Унија ги интензивира напорите за обезбедување критични минерални суровини,

Папата по операцијата на рак на белите дробови: Се чувствувам поблизок до оние што страдаат

Седумдесет и едногодишниот поглавар ја предводеше неделната молитва „Ангел Господов“ од балконот на Апостолската палата – истото место од каде што, една недела претходно, објави дека ќе мора да биде опериран. Илјадници
Go toTop