УТРЕ ПРЕМИЕРА НА „КАФЕЗ КАЈ КОКОНИ“ НА НИКОЛОВСКИ ВО СКОПСКИ ДРАМСКИ ТЕАТАР, ЗА ПУБЛИКА НАД 18 ГОДИНИ

May 12, 2023
1 min read

Претставата „Кафез кај кокони“ во режија на Димче Николовски, по текст на францускиот автор Жан Пуар, премиерно ќе се изведе утре во 20 часот во  Драмски театар во Скопје. Претставата не се препорачува на лица помлади од 18 години.

Преводот е на Радмила Јорданова и Благоја Бошковски-Буцко, адапатација на Александра Бошковска, Благоја Бошковски-Буцко, изборот на музика е исто така на Бошковска и Бошковски-Буцко.

Бошковска вели дека француската фарса „Кафез кај кокони“ (“La cage aux folles”) ја има својата праизведба во февруари 1973 година во Париз.  Додава дека мајсторски конструирана од познатиот актер и комичар Жан Пуаре како комедија на ситуации, забуни и карактери, ја освојува публиката на прв поглед и доживува над 2.000 репризи.

„И покрај тоа што е изградена врз база на одредени стереотипи, пиесата како и сите нејзини адаптации, има важна улога во кршењето на бариерите и предрасудите за тоа како се претставуваат и прифаќаат луѓето со поинаква сексуалност. Сместена во Сен Тропе, во веселите 1970-ти, претставата сака да ви прикаже дека педесет години потоа, овие прашања се сѐуште отворени и провоцираат дијалог низ истата структура на хумор, игривост и дрскост“, велат од Драмски.

Улогите во „Кафез кај кокони“ ги играат: Жорж – Филип Трајковиќ, Албен – Александар Степанулески, Жакоб – Стефан Вујисиќ, Табаро – Предраг Павловски, Мерцедес – Димитрија Доксевски, Зорба – Маја Вељковиќ Пановска, Лоран – Дамјан Цветановски, Камиј – Соња Стамболџиоска, Едуар – Златко Митрески, Мјуриел – Нела Павловска, Симон – Емилија Мицевска и во улогата на Саломе – Бранко Атанасов.

Сценографијата е на Николовски и Бошковски-Буцко, костимографи се Раде Василев и Елена Вангеловска. Кореограф на претставата е Кренаре Невзати-Кери.

Б. НЕСТОРОСКА

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Израелските сили продолжуваат со нападите на Газа, бројот на загинати Палестинци порасна на 31

Следно

На Украина за контраудар не и се доволни само 30-те милијарди долари оружје

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба

Косовска влада ПУШТЕНА НИЗ ВОДА САКА ДА СЕ ИСПЕРЕ: Односите со САД остануваат стабилни, ги поздравуваме КРИТИКИТЕ?

Портпаролот на заминувачката косовска влада, Перпарим Криезиу, по одлуката на САД да го суспендира стратешкиот дијалог со Косово изјави дека односите со САД остануваат стабилни. Тој, исто така, на Фејсбук изјави дека
Go toTop