Утре почнува Зимското издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион

January 16, 2025
1 min read

Зимското издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион, заеднички проект на водечките регионални филмски фестивали (ИФФК „Браќа Манаки“, Сараево филм фестивал, Фестивал на авторски филм Белград, Љубљански меѓународен филмски фестивал, Загреб филм фестивал и Филмски фестивал Херцег Нови), почнува утре (17.01.) со бесплатни проекции на регионални филмови во кината во Битола, Скопје, Сараево, Белград, Загреб и Љубљана.

Во 3Д киното во Центарот за култура во Битола и во кино салата на Кинотека во Скопје во петок, 17. јануари, во 20 часот ќе биде прикажан филмот „Екскурзија“ на режисерката Уна Гуњак. По проекцијата во Кинотека следи разговор со кинематограферот на „Екскурзија“ Матијас Пилц.

Дејството на филмот ја следи Иман (Асја Зара Лагумџија) која, додека нејзиниот клас од деветто одделение се подготвува за екскурзија, го привлекува вниманието на едно постаро момче. По играта вистина или предизвик, низ училиштето се шири гласина дека Иман е бремена. Тоа ќе ја загрози и екскурзијата. Иман се наоѓа во бура од очекувања и ограничувања предизвикани од настани кои излегуваат од контрола.

По кино проекциите, од 18 до 26 јануари сите филмови ќе бидат достапни онлајн на ондименд платформата на https://ondemand.kinomeetingpoint.ba, на линкот: https://ondemand.kinomeetingpoint.ba/page/mreza-festivala-jadranske-regije-zimsko-izdanje/.

Програмата ќе биде достапна за публиката во Македонија и регионот. Покрај филмот „Екскурзија“ на режисерката Уна Гуњак, дел од програмата се повеќекратно наградуваните регионални филмови „М“ на Вардан Тозија, „Набљудување“ на Јанез Бургер, „Работничката класа оди во пеколот“ на Младен Ѓорѓевиќ и „Само кога се смеам“ на Вања Јураниќ.

Ова е трето Зимско издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион, организирано со цел да ги промовира и направи повидливи квалитетните регионални филмски остварувања, а прво во кое е вклучен ИФФК „Браќа Манаки“ и прво кое се одржува и во Македонија и чии филмови на ондименд платформата се достапни и за македонската публика.

Мрежата на фестивали од јадранскиот регион е поддржана од потпрограмата МЕДИА на програмата Креативна Европа на ЕУ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поднесено обвинение против лицата кои го малтретираа кучето Феликс

Следно

Азири: Се уште немаме јасен став како ќе делуваме во однос на прашањето со Комисијата за социјална политика

Latest from Blog

ВЛЕН: Неприфатлива е глорификацијата на Ратко Младиќ и воените злосторници

Политичката партија ВЛЕН остро ја осуди, како што наведува, секоја форма на глорификација на четниците, а особено на Ратко Младиќ, кој е осуден за геноцид и други тешки воени злосторства. Од партијата

Речиси 500 мигранти со чамци пристигнале во Велика Британија за еден ден

 Ова се првите регистрирани пристигнувања од 17 август, објавува Би-Би-Си. Вкупно 494 лица беа истоварени од седум чамци во Довер и префрлени во база на Командата за гранична безбедност. Гумените чамци влегуваа

Тоневски: Нашите рудари се симбол на трудот, истрајноста и посветеноста

По повод 28 Август – Успение на Пресвета Богородица, Денот на рударите и Денот на Општина Пробиштип, вчера во кино-салата се одржа Свечена седница на Општината. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски,
Go toTop