Утре ќе се распишат претседателските избори

February 13, 2024
1 min read

Претседателските избори ќе бидат распишани утре, точно 70 дена пред одржувањето на првиот круг на 24 април, а заедно со нив се очекува првиот човек на Собранието Јован Митревски да ги распише и парламентарните избори. Поради тоа што изборите се регуларни, Собранието нема да се распушти и ќе продолжи да работи нормално барем до почетокот на април, кога и официјално ќе започне кампањата за претседателските избори. Ова го изјави првиот човек на Собранието Митревски во интервју за 360 степени.

СДСМ најавува дека до крајот на месецот ќе ги заврши процедурите за избор на кандидатот за претседател, додека неофицијално се говори дека партијата го мери рејтингот меѓу актуелниот претседател Стево Пендаровски, поранешниот министер Оливер Спасовски и секретарот на партијата Миле Зечевиќ. Се очекува нивниот кандидат да биде консензуален и да ја добие поддршката и од другите владејачки партии.

ВМРО-ДПМНЕ ќе го потврди името на својот кандидат на партиската конвенција на 2 март. Јавниот повик за кандидати е отворен, но партијата своите мерења ги насочи на три. Во медиумите се спомeнуваат имињата на пратеничката Гордана Силјановска Давкова и професорот Александар Спасеновски.
Албанската опозиција, од друга страна, ја држи отворена опцијата лидерот на АА Арбен Таравари да биде нивен можен кандидат.

Кандидат за претседател, досега промовираше само „Левица“, професорката Билјана Ванковска.
ДИК по распишувањето на изборите, следниот ден, треба да ги потврди официјалните законски рокови кои ќе и претходат на подготовката за изборите.

„Списокот на кандидати (за претседател, пратеници и советници) се доставува до надлежната изборна комисија 35 дена пред денот на изборите“, се вели во Изборен законик.

Според првичните проценки, 20 март ќе биде краен рок за официјализирање на претседателските кандидатури. Што се однесува до роковите за листите на кандидати за пратеници, неофицијално, рокот ќе биде 3 април.

Како што се наближуваат изборите, институцијата за организација на изборите ги продолжува изборните подготовки, притоа функционира со член помалку, бидејќи пратениците не го одобрија предлогот на албанската опозиција за нивен член, Наместо седум, ДИК во моментов има шест члена.
Првиот круг од претседателските избори е на 24 април, а вториот круг и парламентарните избори на 8 мај./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Истражување: Можна поврзаност меѓу цревниот микробиом и појавата на аутизам

Следно

Русија предложила прекин на огнот во Украина, САД одбиле, тврдат руски извори за „Ројтерс“

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример

„Редовно се исплаќаат субвенциите на земјоделците“, истакна Трипуновски

Цветан Трипуновски, министерот за земјоделство вечерва во емисијата Бизнис 21 на ТВ21 демантираше дека на земјоделците им се должат 100 милиони евра. „Не знам од каде калкулациите дека се должат 100 милиони

Пријателски: Шпанија ја декласира Србија, Вирц донесе победа за Германија, без победник на “Вембли“!

ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/ Вечерва се одиграа неколку пријателски средби на кои играа едни од фаворитите за највисок пласман на претстојното СП. Шпанија на стадионот “Керамика“ во Виљареал, очекувано ја победи Србија со убелдиви 3:0.
Go toTop