Утре инаугурација на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, ХДЗ бојкотира

February 17, 2025
1 min read

Претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ утре ќе положи заклетва за својот втор петгодишен мандат. На инаугурацијата во Претседателската палата на Пантовчак ќе присуствуваат околу сто гости, меѓу кои и четворица потпретседатели на Саборот, но никој од Владата.

Милановиќ повторно беше избран за претседател на 12 јануари, кога во вториот круг го победи својот противкандидат Драган Приморац, поддржан од ХДЗ.

Инаугурацијата, која ќе започне утре на пладне, ќе ја следат поранешни претседатели на државата, претставници на институции и здруженија, припадници на вооружените сили, верски лидери, лидерите на партиите што го поддржаа Милановиќ, како и неговото семејство и пријатели.

Свеченоста ќе започне со постројување на Почесната гарда пред Претседателската палата, а потоа претседателот Милановиќ со сопругата Сања ќе влезе во свечената сала, каде што ќе бидат поканетите гости и судиите на Уставниот суд.

На оваа инаугурација ќе има повеќе гости отколку пред пет години, кога присуствуваа околу 40 лица. Меѓу гостите ќе бидат и тројца поранешни претседатели – Стипе Месиќ, Иво Јосиповиќ и Колинда Грабар-Китаровиќ.

Милановиќ испратил покани до премиерот Андреј Пленковиќ и потпретседателите на Владата, но тие нема да присуствуваат. На свеченоста нема да дојдат ниту претседателот на Саборот, Гордан Јандроковиќ, и потпретседателот Жељко Рајнер од ХДЗ, кои се извиниле. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Истражување: Над 60 отсто граѓани поддржуваат пристап кон ЕУ, пад од 20 отсто на перцепцијата за влијанието на САД во споредба со лани

Следно

Утре инаугурација на хрватскиот претседател, ХДЗ бојкотира

Latest from Blog

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Награда “Илинден” и Благодарница “Илинден” по повод седумнаесетгодишнината

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден”. По повод седумнаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа

Кина ги повика САД да го продолжат со дијалогот со Русија за стратешка стабилност

Кина ги повика Соединетите Американски Држави да ги продолжат со разговорите со Москва за стратешката стабилност и последователните аранжмани по истекот на новиот договор за намалување на стратешкото вооружување (Нов старт) меѓу

Арафат: Недостатокот на противпожарна заштита е заеднички за трагедиите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана

Заедничко за пожарите во клубовите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана е тоа што во сите три објекти немало или не се почитувале протоколите за заштита од пожари, кажа денеска во Скопје Раед

Декември 2025 натпросечно топол и потпросечно врнежлив

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија. Во споредба со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете
Go toTop