Утре е ден на жалост за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија

February 12, 2023
1 min read

Ваквата одлука била донесена на денешната владина седница како израз на солидарност и спомен на загинатите во катастрофалниот земјотрес во Турција и во Сирија, чиј број, според последниот биланс, се искачи на над 33 000

Националното знаме на земјава утре ќе се вее на половина копје.

Владата одлучи утрешниот ден (13 февруари) да го прогласи за ден на национална жалост за жртвите од катастрофалниот земјотрес кој пред неполна седмица ги погоди Турција и Сирија.

Ваквата одлука била донесена на денешната 103. владина седница како израз на солидарност и спомен кон загинатите во земјотресот, чиј број, според последниот биланс, се искачи на над 33 000.

„За време на утрешниот Ден на жалост, знамето на Република Северна Македонија ќе биде истакнато на половина копје, во нашата држава и пред дипломатско-конзуларните претставништва во странство. Владата на Република Северна Македонија изразува длабоко сочувство за загубите, до целиот турски народ и до блиските на настраданите во земјотресот во Турција и во Сирија“,

пишува во владиното соопштение.

Во објава на Фејсбук, премиерот Димитар Ковачевски порача дека како држава и народ ќе продолжиме да бидеме солидарни и да им помагаме на оние кои загубиле сѐ.

Инаку, на денот кога Турција и Сирија беа погодени од земјотресот, Владата на вонредна седница одлучи во Турција да испрати спасувачки тим од 40 припадници на Дирекцијата за заштита и спасување, 22 припадници на Армијата и две кучиња трагачи кои ќе помагаат во санирањето на последиците од земјотресот.

Дополнително, Владата донесе одлука во Турција да биде испратен и хуманитарен пакет од 10 000 ќебиња и 200 санитетски носила за прва помош.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Владата потврди- Бујар Османи злоупотребил службени возила на МНР

Следно

Да не чекаме нови земјотреси за да си ги подобриме односите, порачаа шефовите на турската и на грчката дипломатија

Latest from Blog

Општина Битола покажа експедитивност – исправен натписот на споменикот на Турунџев

Битола, 6 септември 2025 – По реакциите во јавноста, Општина Битола интервенираше и ја замени таблата на споменикот на народниот херој Александар Турунџев, која претходно не беше напишана на македонска кирилица. Новата

Вучиќ по насилниот упад во Нови Сад: Европскиот олош кој дојде да ја урива државава, ќе биде процесуиран

Зградата на Ректоратот е под опсада на стотици полицајци и припадници на жандармеријата. Студентите во блокадата објавија на социјалните мрежи дека има студенти, професори, граѓани и медицински работници се во зградата на

Денеска е Св. свештеномаченик Евтихиј

Светиот свештеномаченик Евтихиј Еден од помалите апостоли, родум од Севастопол. Ученик и подражател на Светите апостоли Јован Богослов и Павле. Иако не е вбројан во Седумдесеттемина апостоли, сепак се нарекува апостол затоа

Почина Илинденка Петрушева, истражувач на историјата на македонската кинематографија

По кратко боледување вчера почина Илинденка Петрушева, филмски критичар, истражувач на историјата на македонската кинематографија, публицист и одговорен уредник на единственото филмско списание „Кинопис“. Петрушева долги години беше раководител во Одделението за
Go toTop