Усвоен Буџетот на Општина Центар за 2024 година

December 29, 2023
1 min read

Советот на Општина Центар денеска го усвои буџетот за 2024 година. Основниот буџет е проектиран на 833.611.000 денари.

Буџетот, како што велат, за наредната година е развоен, реален и транспарентен, а приоритет се дава на капиталните инфраструктурни проекти.

Новите крупни инвестиции предвидуваат: реконструкција на Спортската сала „Работнички“ во Градскиот Парк , хортикултурно и партерно уредување во населбата Капиштец – на потегот од Зебра до паркот Капиштец, реконструкција на 14 улици, меѓу кои: Елисие Поповски, Светозар Марковиќ, Дебарца, Блаже Тодоровски, поставување фотоволтаици на основните училишта, нова детска градинка во населба Пролет, доградба во ООУ,, Коле Неделковски‘’, и др.

Градоначалникот Герасимовски ја поздрави одлуката на денешната седница:

– Благодарам на советниците и администрацијата на општината за се што сработивме заедно во оваа година, за сите проекти што ги реализиравме во интерес на граѓаните. Благодарам за поддршката што ја дадовте за новиот буџет за 2024 и за вашите гласови за да креираме буџет што ќе биде по мерка на сите граѓани.

Во буџетот за 2024 година планирана е и изградба и реконструкција на повеќе спортски и детски игралишта, санација и набавка на нова урбана опрема, модернизирање на системот за јавно осветлување со воведување ЛЕД-технологија и со примена на современи техники за управување и надзор, поставување зеленило , изградба и дислокација на комунална инфраструктура.

Освен реализација на капиталните инвестиции, буџетот предвидува и одржување на постоечката инфраструктура, сервисирање на тековните потреби за граѓаните на општината, како и проекти од областа на образованието, културата, социјалата, спортот, животната средина, и други.

Проекти што се покажаа како успешни во минатото ќе продолжат да се реализираат и наредната година, меѓу кои: „Нега на стари лицa“- домашна нега со лиценцирани негуватели, еднократна помош за новороденчиња и социјално загрозени семејства, прoект за афирмирање на македонската музика „Нешто што ќе остане“, финансирање и поддршка на спортски клубови, Атлетски крос – Центар 2024, субвенции за купен нов велосипед и тротинет, стипендии за талентирани ученици и деца, поддршка во образованието, набавка на смарт табли во детските градинки.
Буџетот на Општина Центар за 2024 година е донесен со 15 гласови „За“ и 3 воздржани. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денеска Судскиот совет ќе одлучува за иницијативата за дисциплинска одговорност на Адеми

Следно

Експлозии во Киев, издадена воздушна тревога низ целата земја

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop