Уставниот суд го поништи Законот за солидарен данок, граѓаните треба да им вратат на богатите фирми 50 милиони евра

February 5, 2025
1 min read

Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок. Тоа значи дека државата ќе треба да врати околу 49,2 милиони евра на 156 компании.

По гласањето на судиите, претседателот на Уставен, Дарко Костадиновски, на прес-конференција појасни дека компаниите сега ќе можат во рок од пет години, доколку сметаат дека им биле повредени правата, да бараат да им бидат вратени парите.

Набргу по одлуката, од Министерството за финансии се огласија дека откако таа ќе биде објавена во Службен весник, тие ќе постапат и ќе ги „сервисираат создадените обврски од Буџетот“.

Постапка за оценување на уставноста на оспорениот закон Уставниот суд ја поведе на 20 ноември лани, а на денешната седница (5 февруари) беше донесена конечната одлука.

Данокот на солидарност беше воведен од минатата власт како еднократна, вонредна јавна давачка за 2023 година. Овој данок го плаќаа компаниите кои во 2022 година остварија вкупен приход поголем од 615 милиони денари (10 милиони евра). Целта беше да се соберат средства за ублажување на последиците од кризата и да се придонесе за јавните расходи на солидарен начин.

Ваквиот Закон пред Уставен беше оспорен со повеќе иницијативи, меѓу кои од Стопанската комора, Стопанската комора на Северозападна Македонија и неколку други поединечни фирми.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пеце Мирчески на распит во полициска станица

Следно

Министерството за култура ги фрли во канта женскиот активизам и феминистичката култура

Latest from Blog

По една деценија, Прилепскиот дувачки оркестар повторно ја креира музичката сцена

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од
Go toTop