Уставен суд: Времено се запира впишување на националноста во матичните книги на родени, венчани и умрени

December 20, 2023
1 min read

реклама


Уставниот суд денеска на седница одлучи да поведе постапка за делови од три члена од Законот за матична евиденција во кои е содржан зборот  „националност” во изводите за родени, венчани и умрени.

Имено, Судот изрази сомнеж во уставноста на членот 4 став 1 точка 2 во делот националност, членот 11 став 1 точка 1 во делот националност и членот 13 став 1 точка еден во делот националност.  

реклама

Во следниот период Уставниот суд ќе оценува дали е уставно покрај наведените лични податоци како што се име, презиме, податоци за раѓање и живеалиште, граѓаните да ја наведуваат и својата националност во матичните книги на родените, на венчаните и умрените. 

Според Судот припадноста кон одредена нација е приватно и внатрешно чувство на секој поединец и е негово право да одлучи дали ќе биде припадник на одредена нација, дали ќе се изјасни за сопствената националност, но и да се повика на правото да не се изјаснува по ова. 

реклама

Уставниот суд  смета дека овие одредби се во спротивност со неколку членови од Уставот, како што е владеењето на правото, членот 18 кој ја гарантира тајноста на личните податоци.

Од денеска, се додека Судот конечно не се изјасни конечно, не смее од граѓаните да се бараат податоци за националност при впишување во матичните книги на родени, венчани и умрени. 

реклама

Иницијативата е поденсена на 3 јули 2023 година од страна на политичка партија „Левица”.  

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Челникот на Хамас, Ханије, пристигна во Египет на разговори за израелската офанзива во Газа

Следно

Ердоган: Срам за човештвото е што славни држави со врзани раце ги гледаат израелските напади врз Газа

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop