Уставен суд со одлука и лекција за институциите: Информациите од јавен карактер им припаѓаат на граѓаните

April 29, 2026
1 min read

Уставниот суд на Северна Македонија донесе одлука во корист на новинар на кој Равојна банка на Македонија не му доставила целосни информации кои се од јавен карактер.

Станува збор за новинар кој побарал информации кои се однесуваат на користење на финансии, односно јавни средства од страна на Развојна банка-субјект во државна сопственост, што несомнено претставува прашање од јавен интерес.

Дополнително, Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во два наврати утврдила дека имателот на информации – Развојна банка е должен да му ги достави сите информации на барателот, во целост, со што му го признава правото на пристап до тие информации.

Но и покрај извршното решение, Развојната банка не постапува, туку делумно го прифатила барањето, односно споделила агрегирани податоци за бројот на поддржани компании, поделени по сектор година и кредитна програма, но не и список или база на податоци со сите компании (и проектите) кои добиле кредити од Развојна банка во период од 01.01.2020 до денот на добивање одговор на барањето, компании што добиле под-заеми преку комерцијални банки во рамки на кредитни линии финансирани или координирани од Развојна банка.

Уставниот суд смета дека со донесување на оваа Одлука направи исклучително значаен исчекор кој во иднина ќе даде придонес, не само во заштитата на уставно-гарантираното право на слобода на изразување, туку и ќе воспостави пракса, имателите на информации од јавен карактер да ги достават бараните податоци.

Стојалиштето на Уставниот суд е дека правото на пристап до информации од јавен карактер е составен дел од слобoдата на изразување, односно правото да се примаат информации. Имено, слободата на примање и пренесување информации претставува нормативна разработка на слободата на јавното изразување на мислата бидејќи таа е нераскинлив дел од пошироката слобода на изразување.

Во оваа постапка беше спроведен „трипартитниот тест во демократско општество”, кој го применува Европскиот суд за човекови права, со цел да оцени дали ограничувањето било оправдано, или постои повреда на слободите и правата.

Судот утврди дека во овој случај, имателот не може да се повикува на доверливи информации, па поради тоа да не ги сподели бараните податоци и затоа постои мешање во слободата на изразување, незасновано на легитимна цел и не е неопходно во едно демократско општество, со што е сторена повреда на правото на подносителот да прима информации, како составен дел од слободата на изразување.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

“Кварацкелија е најдобриот играч во светот!“

Следно

Николоски: Автопатот Охрид–Кичево се гради со полна пареа и ноќе

Latest from Blog

Чешка има нов селектор

Репрезентацијата на Чешка, по слабиот настап на годинешниот Мундијал, реши да постави нов селектор. Чесите за прв пат во историјата ќе имаат странец на кормилото на фудбалската репрезентација. Се работи за шпанскиот

Најмалку 34 загинати во експлозија на метан во рудник во Пакистан (ВИДЕО)

Спасувачките операции се во тек за пронаоѓање и извлекување на уште двајца рудари кои беа заробени под земја, изјави Мухамед Фахад, директор за операции на покраинската управа за управување со катастрофи. Покраинскиот

Сали: Соработката со Турција продолжува да ги зајакнува институционалните капацитети и процесот на европска интеграција

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, се обрати на отворањето на Програмата за обука за управување со проектен циклус во рамките на иницијативата IPABRIDGE, која се одржува

Коњановски: Светското фолклорно шаренило е најубавата промоција за Битола

Битола повторно беше место каде се сретнаа различни култури, традиции и фолклорни богатства од целиот свет. Во рамки на фестивалот „Илинденски денови“, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, организираше прием и фолклорна дружба

Општина Битола: Бесплатен автобуски превоз за 55-та Семакедонска средба во Трново

Општина Битола организира бесплатен автобуски превоз за граѓаните кои сакаат да присуствуваат на 55-та Семакедонска средба, која ќе се одржи во недела, на 2 август, кај црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во
Go toTop