Уставен го поништи упатството за матични книги според кое во изводите требаше да стои графа со националност

September 27, 2023
1 min read

Давајќи образложение за поништувањето на упатството, портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска, кажа дека Судот оценил оти во случајот е повреден членот 52 став 2 од Уставот, односно не е испочитуван уставниот рок во кој ова упатство требало да се објави во „Службен весник“

Упатството за водење матични книги, со кое се воведе графа за етничката припадност во изводите од матична евиденција, „падна“ на Уставниот суд. Причината поради која Судот го поништи актот е поради пречекорувањето на законскиот рок во кој Министерството за правда требало да го достави упатството до „Службен весник“.

Давајќи образложение за поништувањето на упатството, портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска, кажа дека Судот оценил оти во случајот е повреден членот 52 став 2 од Уставот, односно не е испочитуван уставниот рок во кој ова упатство требало да се објави во „Службен весник“.

Членот 52, став 2 од Уставот, на кое се повикуваат од Судот, гласи: „Законите и другите прописи се објавуваат во ‘Службен весник на Република Македонија’ најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување“.

Иако во постапката која Уставниот суд ја поведе во однос на упатството не е оспорена содржината на самиот текст, односно прашањето за воведување на графата за националност, од Судот велат дека кон почитувањето на законскиот рок во постапките не пристапуваат технички, туку суштински.

„Уставниот суд веќе појасни во јавноста дека на прашањето за рокот не му пристапува технички, туку суштински и тој треба да биде почитуван од сите“,

изјави портпаролката на Уставниот суд.

Одлуката на Судот има ретроактивно дејство, односно ќе важи од моментот на објавување во „Службен весник“.

„Во однос на прашањата што значи оваа одлука за извадените изводи согласно упатството, Судот појаснува дека одговорот на ова прашање треба да се бара преку толкување на  член 81 став 1 од Деловникот на Судот, кој дава право на секој граѓанин којшто смета дека со поединечен акт, или во случајот издавањето на изводите му е повредено некое право може да бара поништување на таквиот акт во рок од шест месеци од денот кога ќе се објави одлуката на Уставниот суд“,

се наведува во соопштението од денешната одлука на Судот.

Упатството за матичните книги, во кое беше додадена графата за националност, беше донесено од министерот за правда Кренар Лога на 29 мај годинава. Актот беше објавен во „Службен весник“ на 15 јуни, односно 17 дена од неговото усвојување, или поконкретно – 10 дена од истекот на законскиот рок за оваа процедура.

Уставните судии изразија сомнеж во уставноста на ова упатство и покренаа иницијатива за проверка на законитоста. Во меѓувреме, односно на 5 јули, Судот донесе времена мерка со која го стави надвор од употреба упатството на Лога додека не се донесе конечна одлука за предметот.

Неодамна министерот за правда повторно го прозва Уставниот суд да донесе одлука во врска со предметот за уставноста и законитоста на упатството за водење матични книги, велејќи дека упатството не е противзаконски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изложба „Загреб“ на фотографот Лука Мједа во Музеј на град Скопје

Следно

Наставничка во Берово вербално и физички нападнала малолетник во училиште

Latest from Blog

“Студентите“ блокадери со нов протест: СЕ БАРА АВТОНОМИЈА НА САНЏАК!

Студентските протести во Србија веројатно лани почнаа – како студентски, но веќе од март годинава тие се политички деминстрации со конкртени барања кои се спротивни на државниот устав: отцепување на Војводина и

М-НАВ: Завршени сите активности за отстранување на стариот радарски систем

Соопштение за јавност М-НАВ денеска успешно ги заврши преостанатите градежни активности за целосна демонтажа на останатите делови од стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје. Работите беа реализирани во период со магла

Шкорпијата да направи нешто романтично за саканата личност, а Вагата да одмара навечер

ОВЕН Иако денес ќе треба да патувате или да се занимавате со нешто уникатно и невообичаено, внимавајте на вашите секојдневни обврски и активности во спротивно ќе се појават проблеми. Следете ги правилата

Петрушевски: Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ – наместени тендери од 8 милиони евра и испрани 2 милиони

Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ, испрала 2 милиони евра, пари на граѓаните. Во 2023 година, под раководство поставено од тогашната власт на СДС и ДУИ, во ЕСМ бил наместен
Go toTop