Успешната приказна на Палма Мол од Тетово продолжува, во петок отвoрање на нов ексклузивен дел

October 25, 2023
2 mins read

реклама


Успешната приказна на трговскиот центар Палма Мол од Тетово продолжува. Цели 9 години успешно работење како лидери во регионот го заокружуваме со пуштање во употреба на новиот модерен капацитет, поголем, најмодерен и со ексклузивни брендови.

Палма Мол како трговски центар, заедно со новиот дел што во моментов за завршува со градба и официјално ќе биде пуштен за посетители во петок на 27 октомври, се простира на 77.000 м2 од кои 38.000 м2 се изнајмени квадратури за клиенти, 22.000 м2 се внатрешен паркинг простор на 2 нивоа под нула.

реклама

На наше и ваше задоволство во Палма Мол се позиционирани и присутни преку 150 дуќани и брендови, од кои дури 75% се интернационални светски брендови, што уште еднаш покажуваме зошто сме лидери во регионот и овој регион го доближуваме преку нас рамо до рамо со светот.

Со гордост можеме да најавиме дека за прв пат во нашиот град, токму кај нас, доаѓаат новите брендови од ЛПП Групација, Ризрвд, Синси, Мохито, Кроп, Хаус, потоа Де Факто, Бургер Кинг, Уста Донер, Збаро, Нептун, Хомакс, Беџети Премиум, Опен, Ени свитс со најнов уникатен концепт, АЈКОС стор, А1 стор, Кајра Вомен, Фанзон – ворлд оф фан, Саат Ве Саат, Том Тејлор со најнов концепт, Каубој кенди и воедно за идната година имаме веќе официјално најави и преддоговори со нови светски брендови кои за прв пат ќе влезат кај нас ексклузивно.

реклама

Секако да ги споменеме и некои од нашите соработници кои веќе се позиционирани кај нас во трговскиот центар и успешно работат со години, тоа се ДМ, Рамстор супермаркет, ЈИСК, Комодита, Мадам КОКО, ЛЦ Вајкики, Парфоа, Сфаровски, Пандора, Баз, Спорт вижн, Спорт риалити, спорт-м, кемофармаци, Џокс премиум, Тудорс, Сара Фешн, Пенти, Пизеро, Зухре, Шатци парфимерии, МајТајм, Идеал Хоум, ФЛО, Пекон бејкери, Емпориум, Офис Плус, Мис Спајс.

За најмладите и најмилите предвидено е  специјалнен простор на огромна површина, тоа е “Фан зоната”, еден нов концепт на забава, игри, скокање, качување, летање, лизгање, друштвено натпреварување, и тоа сето ова ќе биде на површина од над 2.200 м2, амбиент специјално дизајниран од нашите архитекти во соработка со меидцински лица, каде што воздухот ќе се обработува и филтрира преку 3 рекуператори, со што и ја покажуваме нашата грижа за здравјето на најмладите во ова време на постојано присутни вирусни бактерии.

реклама

Би сакале да најавиме нови имиња во делот на фуд корнерот и угостителството, ги има веќе Емпориум а-ла карт ресторант, има Собрание сошл клаб лаунџ бар со одличен амбиент, има разновидност на ресторани за брза храна како КФЦ, Бургер кинг, Уста донер, Збаро, Мерак грил, Помодоро фуд, Донер кинг, Шатци сендвичари, Мон шери јами јогурт, а за идната година исто така можеме да најавиме уште многу познати светски брендови кои доаѓаат за прв пат.

За да можат нашите посетители да го искусат целото ова одлично искуство и задоволство во нашиот трговски центар, обезбедуваме и нудиме ЦЕЛОСНО БЕСПЛАТЕН паркинг кој има капацитет од 1.100 внатрешни паркинг места и 350 надворешни паркинг места. Ова е одлична можност за нашите посетители.

Палма Мол со над 1600 вработени е еден од лидерите во регионот, со тоа што би сакале да ги охрабриме сите оние кои сакаат својата кариера да ја градат во некој од брендовите на Палма Мол, да ги следат огласите за вработување и да го направат првиот чекор.

Ве очекуваме на официјалното отварање за посетители на 27 октомври, во петок во Палма Мол. Очекувајте многу забава.

За повеќе информации посетете ги страниците на социјалните мрежи на „Палма мол“:

https://www.facebook.com/PalmaMall

https://www.instagram.com/palma_mall/

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

Убиени 103 Палестинци во израелските напади на окупираниот Западен Брег

Следно

На изложбата „Попаметен град“ изведен перформансот во развој насловен „Попаметни граѓани 01.“

Latest from Blog

Загина македонски државјанин во сообраќајна несреќа кај српско-унгарската граница

Трагична сообраќајна несреќа се случи утринава околу 05:15 часот на автопатот кај Хоргош, во близина на границата меѓу Србија и Унгарија, каде што животот го загуби државјанин на Македонија, а друг македонски

Костадинов се јави, повторно: Не, јас не одам како кандидат, јас се повлекувам во тишина

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук објави дека нема да се кандидира на претстојните локални избори, и покрај, како што вели, убедливо водство на сите

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина остро ги осуди плановите на властите во Република Српска (РС) за формирање резервен состав на ентитетската полиција, предупредувајќи дека таквиот потег води кон ескалација

Костадинов нема да се кандидира како независен во Струмица

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадинов нема да се кандидира како независен кандидат за Струмица, откако лидерот на СДСМ Венко Филипче објави дела партијата ќе застане зад Марјан Даскаловски. Костадинов пишува дека нема
Go toTop