Успешна акција на МИТ во северен Ирак: Неутрализиран високорангираниот терорист на ПКК, Јунус Демир

February 8, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Разузнавачката служба на Туркије (МИТ) во северен Ирак го неутрализираше Јунус Демир, таканаречен член на советот на терористичката организација ПКК/ХПГ, кој се наоѓаше на црвената листа на барани лица поради тероризам, пренесува Анадолу.

Јунус Демир, терорист со кодно име „Сиван Гевер“, член на таканаречениот совет на терористичката организација ПКК/ХПГ, кого т.н. највисоко раководство на терористичката организација посебно го назначило да се спротивстави на операцијата „Канџа-катанец“, беше на листата на барани терористи и по него беше распишана црвена потерница од страна на Интерпол.

Терористот Демир, за кого е утврдено дека ја обучувал терористичката група која ќе ги напаѓа единиците на Вооружените сили на Туркије во зоната на операцијата „Канџа-катанец“, беше лично одговорен и за планирањето и раководењето со акциите против турските безбедносни сили во Ирак.

Како резултат на долгогодишната работа на своите специјално обучени агенти на теренот, МИТ утврди дека терористот Демир се наоѓал во ирачкиот регион Гара.

Терористот Демир, како и терористите со него, за кои е утврдено дека ги контролираат завршните подготовки на терористите што ќе извршат акција против турските војници во регионот, неутрализирани се на самото место со успешна операција на МИТ.

ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички групи во Туркије, Европската Унија и САД. Во текот на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Светот влегува во ера на хаос, предупреди генералниот секретар на ОН

Следно

Врховниот суд одлучува дали Трамп може да се кандидира за претседател на САД

Latest from Blog

Израелски војници приведоа екипа на CNN, која известувала за нападот врз Палестинците (ВИДЕО)

Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа кон палестинските жители на селото Тајасир и тимот на CNN кој известуваше за упадот, пишува CNN. „Стоп!

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон новата програмска понуда на СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Да не беше смешно, ќе

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска
Go toTop