Уште колку нацисти држи Канада како угледни граѓани?

September 27, 2023
1 min read

Полскиот министер за образование и наука најави дека се преземаат мерки за можно испорачување на 98 годишниот нацист Јарослав Хунка  кој на седница на канадскиот парламент на која гостин беше Владимир Зеленски, беше поздравен со стоечки овации како „украински и канадски херој“.

„Со оглед на скандалозните случувања во канадскиот парламент со оддавањето почести за член на злосторничката нацистичка формација СС Галиција , преземав чекори за екстрадиција на ова лице на Полска“, обелодени Пшемислав Чарнек.

Истовремено, полскиот амбасадор во Канада Витолд Дзиелски побара луѓе како Хунка, не само да не учествуваат во јавниот живот туку и кривично да бидат гонети.

Се поставува прашањето како Хунка цели 70 години успевал да ја крие својата биографија и да стане „угледен граѓанин“ и уште колку луѓе со такво педигре вдомува Канада во која постои украинска дијаспора од 1,3 милиони луѓе.

„Славејќи доброволец во Вафен-СС како „херој“, канадската Либерална партија ја потврди долгогодишната политика со која Отава пречекуваше илјадници повоени нацистички СС ветерани“ вели Макс Блументал.

Тој потсетува и дека втората најмоќна политичарка во Канада, вице премиерката Кристија Фриланд, е внука на еден од главните украински пропагандисти на нацистичка Германија.

Пролетта 1943 година, Јарослав Хунка беше „гуштер“ во 14-та дивизија на Вафен-СС Галиција, кога таа дивизија ја посети архитектот на геноцидната политика на нацистичка Германија, Хајнрих Химлер. Откако го благослови формирањето на баталјонот, Химлер бил видно горд на Украинците кои доброволно се пријавија да го поддржат Третиот Рајх.  80 години подоцна, претседателот на канадскиот парламент, Ентони Рота, исто така гордо го поздрави Хунка.

Во специјален документарец „60 минути“ од 1997 година, се зборува за „Валканата тајна на Канада“.

Историчар се сеќава како Пјер Трудо (татко на Џастин Трудо) му признал дека неговата влада ги криела нацистичките злосторници и документира како украинските и балтичките имигранти добивале инстантно канадско државјанство „со покажување на тетоважа на СС“, што било доказ дека се антикомунисти.

„Инцидентот во секој случај не беше гаф. Пред да се слави Хунка, владата и војската на Канада им дадоа дипломатска поддршка на фашистичките хулигани кои се бореа да воспостават националистичка влада во Киев и ја надгледуваа обуката на современите украински воени формации отворено посветени на унапредувањето на нацистичката идеологија“, пишува Блументал.

Како требаше да биде поздравен Хунка:

Оставката на спикерот Ентони Рота:

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претставата „ЏИНче“ утре во театарот „Сенки и облаци“

Следно

Убиството во Кочани да се третира како последица на долгогодишно насилство и да се одреди највисока казна за сторителот, бара Националната мрежа против насилство

Latest from Blog

Албанците од Општина Бутел му даваат трипати поголема поддршка на градоначалникот Костовски отколку на поранешниот градоначалник од СДСМ во 2023 година

Анкета спроведена меѓу 1.100 граѓани на Општина Бутел покажува значителна промена во перцепцијата на граѓаните Албанци кон актуелниот градоначалник Дарко Костовски. Според резултатите, од 228 анкетирани Албанци, 44,7% позитивно или делумно позитивно

Дефанзивецот на Наполи ќе паузира околу три месеци

Дефанзивецот на Наполи, Алесандро Бонџорно ќе паузира околу три месеци, откако му беше направена операцијата на лигаментот на десното колено. Тоа значи дека тој ќе ги пропушти првите десетина мечеви од шампионатот

Спречен е обид за атентат врз Трамп- уапсен е тиктокер, ФБИ со вознемирувачки детали (ВИДЕО)

44-годишен маж од Тенеси е обвинет за објавување бројни насилни закани на интернет, ветувајќи дека ќе ги убие американскиот претседател Доналд Трамп, директорот на ФБИ, Кеш Пател и неколку локални функционери, предупредувајќи

Изјава на претседателката Сиљановска-Давкова по средбата со претседателката на Република Индија, Друпади Мурму

Во рамки на официјалната посета на индиската претседателка, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателката Друпади Мурму. Во продолжение е интегралната изјава на претседателката Сиљановска-Давкова. Почитувана госпоѓо претседателка,

Над 13 милиони денари промет на Македонската берза, МБИ10 со благ раст

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 21.07.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.426,80 поени. Во
Go toTop