Уште една размена на воени заробеници меѓу Русија и Украина

October 19, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Русија и Украина спроведоа нова размена на воени заробеници, при што секоја страна дома однесе по 95 свои војници, изјави денес украинскиот претседател Владимир Зеленски, известува Анадолу.

Претседателот Зеленски на социјалната мрежа Телеграм објави дека 95 Украинци се вратиле дома.

Тој им се заблагодари на сите партнери кои помогнаа да се одржи преговарачкиот процес по ова прашање.

Размената ја потврди и руското Министерство за одбрана, кое ја пофали улогата на Обединетите Арапски Емирати во новата размена.

„На 18 октомври оваа година, како резултат на преговарачкиот процес, 95 руски војници беа вратени од територијата под контрола на режимот во Киев. За возврат, вратени се 95 воени заробеници на украинските вооружени сили“, соопшти руското Министерство во петокот.

Разменетиот руски воен персонал моментално се наоѓа во соседна Белорусија. Тие ќе бидат префрлени во Русија и ќе бидат лекувани и рехабилитирани во медицинските установи со кои раководи Министерството за одбрана.

Последен пат двете земји разменија по 105 воени заробеници во септември.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Преку консолидирање на приходите исплативме милијарда и 300 милиони денари субвенции за земјоделците, го санираме секој проблем наследен од разбојничката Влада на СДСМ и ДУИ

Следно

Уште еден возач казнет за ГН на САД во недела

Latest from Blog

Коњановски: Во 2027 година се планира пуштање делница од 12 километри на автопатот Прилеп–Битола

Делница од 12 километри од автопатот Прилеп–Битола е планирано да биде пуштена во сообраќај во 2027 година, а до крајот на 2028 година да бидат асфалтирани вкупно 28 километри. Ова било најавено

Проданоски: Потенцијалот на младите да го претвориме во дела за Прилеп

Повеќе од 200 млади од Прилеп учествуваа во симулација на Европскиот парламент, преку која се запознаа со функционирањето на европските институции, носењето одлуки и значењето на демократската дебата. Градоначалникот Дејан Проданоски ја

Божиновска: Македонија е дел од трансатлантскиот дијалог за енергетска безбедност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на 18 и 19 ноември ќе учествува на Седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Варшава, Полска, организиран во соработка

Коњановски: Гласот на младите треба да се преточи во конкретни локални решенија

Триесет средношколци од Битола развија проектни предлози за решавање проблеми во својата заедница, во рамките на проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации. На денешната работилница тие ги финализираа идеите

Општина Прилеп: Втор повик за поддршка на семејствата со првачиња во учебната 2026/2027 година

Општина Прилеп објави втор јавен повик за доделување еднократна парична помош на семејствата со деца запишани во прво одделение во учебната 2026/2027 година. Повикот е наменет за родителите кои не аплицирале во
Go toTop