Уште една новинарка е убиена во израелски напад врз Газа, вкупно 174 новинари загинаа од 7 октомври

September 30, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Уште една палестинска новинарка е убиена во израелскиот воздушен напад врз Појасот Газа, со што вкупниот број на загинати се искачи на 174 од 7 октомври минатата година, соопшти денес владината Канцеларија за медиуми, пренесува Анадолу.

Во соопштението Канцеларијата за медиуми изјави дека новата жртва е Вафа Алудаини, без да даде никакви детали за околностите за нејзината смрт.

Се наведува дека Алудаини соработувала „со неколку медиуми од англиски јазик“, при што ја повикувала меѓународната заедница да побара одговорност од израелската Влада за нејзините „злосторства против новинарите“.

Израел ја продолжи својата брутална офанзива врз Појасот Газа по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври минатата година и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се повикува на итен прекин на огнот.

Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени речиси 41.600 луѓе, главно жени и деца, а над 96.200 други се повредени.

Поради израелските напади е раселена речиси целата популација од територијата, а тековната блокада доведе до недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел се соочува со обвиненија за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради масакрот во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МНР: До овој момент нема наши државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан

Следно

МИТ го неутрализираше Локман Исмаил, еден од таканаречените одговорни лица на ПКК/КЏК

Latest from Blog

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи

Не дозволувајте да изгубите пари при откупот: СЕКЕ со важни совети за правилно пакување на тутунот

Со почетокот на сезоната за откуп на тутунот, компанијата СЕКЕ упати важни препораки до тутунопроизводителите за правилно пакување и чување на произведениот тутун, со цел да се зачува неговиот квалитет и да

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со
Go toTop