МНР: До овој момент нема наши државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан

September 30, 2024
1 min read

До овој момент, нема македонски државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан, велат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за МИА.

-Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија во неколку наврати ги повика сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика и апелираше да се одложат сите патувања кон оваа држава, кои не се неопходни, посочуваат од Министерството.

Оттаму додаваат дека Министерството ги ставило сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани преку 24 часовниот СОС дежурен телефон на Министерството за надворешни работи +389 75 268 736 (мејл адреса: [email protected]).

-До овој момент нема наши државјани кои се обратиле до Министерството за помош или евакуација, ниту е пристигнато известување дека има наши државјани кои се наоѓаат во земјата, наведуваат од Министерството.

Во меѓувреме, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел за попладнево закажа вонреден онлајн состанок на шефовите за дипломатии на членките на Унијата со единствена точка на дневниот ред – актуелната состојба во Либан.

– Нашата порака е многу јасна, изразуваме жалење за цивилните жртви и бараме итен прекин на огнот, истакна портпаролот за надворешни работи и безбедносна политика на ЕК, Петер Стано, додавајќи дека ЕУ својот став за случувањата во Либан го искажа во минатонеделната изјава на Борел.

Повеќе од 100.000 луѓе од Либан преминале во Сирија по ескалацијата на конфликтот меѓу израелските сили и либанската група Хезболах овој месец, изјави денеска високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.

Либанската новинска агенција (ННА) јави дека израелската армија изутрината извршила нов воздушен напад во областа Чија, во јужните предградија на Бејрут. Претходно, израелската армија (ИДФ) соопшти дека во текот на ноќта извршила воздушни напади во регионот Бека, источен Либан. Според ИДФ, нападите биле насочени кон десетици ракетни фрлачи и магацин за оружје на Хезболах. При нападите врз јужниот дел на Либан елиминиран е лидерот на Хамас, Фатех Шериф Абу ел Амин. Во нападот врз палестинскиот бегалски камп во Тир загинаа и сопругата, жерката и синот на Амин.

Според либанското Министерство за здравство во последните израелски напади загинале повеќе од 100 луѓе, додека бројот на жртвите во изминатите две недели се искачи на над 1.000, а околу 600 се повредени.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грејната сезона почнува на 15 октомври, да се проверат инсталациите и да се подмират сметките

Следно

Уште една новинарка е убиена во израелски напад врз Газа, вкупно 174 новинари загинаа од 7 октомври

Latest from Blog

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската

„Паркинзи Битола“: Приходот од 2.747 СМС-пораки за роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели

И покрај тоа што паркирањето во Битола било бесплатно по повод „Роденденска Битола“, 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС-пораки за регулирање на паркинг-сесиите, соопштија од „Паркинзи Битола“. Од јавното претпријатие најавија дека

Ангел Анѓушев: Добрата цена сама по себе не е доволна за успех на странските пазари

Квалитетот на производите и доследното почитување на меѓународните стандарди се предуслов за компаниите да бидат конкурентни на странските пазари, порача Ангел Анѓушев, оперативен директор на „Грин машинс“ и член на Управниот одбор
Go toTop