Уште една Бразилка, четврта по ред ќе игра за ЖФК Љуботен

February 3, 2023
1 min read

Актуелниот македонски првак женскиот фудбалски клуб Љуботен од Тетово информира дека во екипата ќе пристигне нова „кариока“ односно фудбалерка од Бразил. Јулијана Леонел Маргуне е новата девојка која ќе им приклучи на трите нејзини сонароднички во тетовскиот шампионски клуб.

-По Мајса Делгадо Бенедито, Присцила Едите Силва, Тчури Харуми Гоја нов член на ЖФК Љуботен е Јулијана Леонел Маргуне која настапува во средниот ред и ќе претставува огромно засилување за тимот. Популарната Јују покрај во бразилскиот шампион има и интернационално искуство настапувајќи во Латвија и амбициозниот камерунски Единг Спорт од каде што пристигнува во таборот на македонскиот шампион. Со својата борбеност и пожртвуваност, новото засилување на Љуботенки позната под прекарот „Оса“ ЖФК Љуботен полека гради и костур со кој покрај шампионската титула, има за цел да не игра само епизодна улога во квалификациите за Лигата на шампионите, порачаа од ЖФК Љуботен.

Јулијана Леонел Маргуне се обврзала на договорот на шест месеци со можност за продолжување на уште една година.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЗНМ го осудува селективниот пристап на Владата за акредитација на медиуми

Следно

ПРИСТАПОТ КОН СВЕТИ СПАС ХЕРМЕТИЧКИ ЗАТВОРЕН: Граѓани спречени од полицијата да дојдат до гробот на Гоце Делчев

Latest from Blog

Ќе се зголеми надоместокот за користење простор за експлоатација на минерали за околу 30 проценти

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) денеска објави дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во првиот квартал од 2025 година достигнала 247.491.155 денари. Ова, како што наведуваат,

Невреме во Грција: Сообраќајот е прекинат на патот Неа Каликратија – Неа Ираклија

Патишта кои водат од Неа Пропонтис до Халкидики, Грција, се затворени поради излевање на поток, предизвикано од поројните дождови во неделата, јави грчката национална телевизија ЕРТ. Сообраќајот е прекинат на патот Неа Каликратија

Светски ден за безбедност при работа

Денеска е Светскиот ден за безбедност при работа, кој е прогласен од Меѓународната организација на трудот (МОТ) во 1996 година. Овој ден се одбележува во 120 земји во светот како Меѓународен ден

Во Кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, Палевски ќе одговора на прашања од Обвинителството

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во 10 часот во Основен Кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски на вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на останатите
Go toTop