УШТЕ ЕДЕН ШОК ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Принцезата Кејт Мидлтон откри дека се лекува од рак (ВИДЕО)

March 22, 2024
1 min read

Во лична порака, 42-годишната принцеза рече дека планираната абдоминална операција во јануари била успешна и оти првично се сметало дека нејзината состојба не е канцерогена.

Но, тестовите по операцијата покажаа дека е присутен рак, рече таа.

– Ова, се разбира, дојде како огромен шок, а Вилијам и јас правиме сè што можеме за да го процесираме и да се справиме со ова приватно за доброто на нашето младо семејство, додаде принцезата од Велс.

Мајката на Џорџ, Шарлот и Луис рече дека лекарите ја советувале да оди на превентивна хемотерапија и таа моментално е во раните фази на тој третман.

– Ми требаше време да закрепнам од големата операција за да почнам со моето лекување, рече таа.

– Но, што е најважно, ни требаше време да им објасниме сè на Џорџ, Шарлот и Луис на начин што е соодветен за нив и да ги увериме дека ќе бидам добро … Како што им реков, јас сум добро и станувам се посилна секој ден со тоа што се фокусирам на работите што ќе ми помогнат да заздравам; во мојот ум, тело и дух, рече Кејт.

Таа го опиша тоа што нејзиниот сопруг принцот Вилијам е покрај неа како „голем извор на утеха и поддршка.

– Како што е љубовта, поддршката и љубезноста што ја покажаа многумина од вас – тоа ни значи многу на двајцата, рече принцезата од Велс.

Кејт Мидлтон не е видена на официјални ангажмани од крајот на декември, кога беше сликана на божиќна прошетка со другите членови на кралското семејство во Сандрингем, Норфолк.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонија и Молдавија одиграа без победник

Следно

Руска ФСБ: Најмалку 40 мртви во пукањето на концерт во близина на Москва

Latest from Blog

Коњановски најавува изградба на 6 нови паркинзи во Битола

Општина Битола започнува изградба на шест нови паркинг простори за подобрување на сообраќајната инфраструктура и олеснување на паркирањето за граѓаните. Новите паркинзи ќе бидат изградени кај „Овчи Пазар“, кај „Ат пазар“, во

Проданоски најави инвестиции од 12 милиони евра за развој на Прилеп

„Општината е финансиски стабилна и со поддршка од централната власт влегуваме во нов циклус на капитални инвестиции вреден околу 12 милиони евра“, порача градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостувањето во утринската

Светските лидери изразуваат сочувство по смртоносната пукотница во Канада, напаѓачот бил трансродово лице

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција „стои со канадскиот народ“. „Терор го погоди училиштето во Тамблер Риџ, Канада. Нашите мисли се со семејствата на жртвите, повредените и целата образовна заедница“, рече
Go toTop