Урсула фон дер Лајен во Сараево: Иднината на БиХ е во Европската Унија

November 1, 2023
3 mins read

САРАЕВО (АА) – Иднината на Босна и Херцеговина е во Европската Унија, но мора да работиме и на приближување на нашите економии, изјави денес во Сараево претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, јавува Анадолу.

По средбата со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто, Фон дер Лајен упати неколку пораки, но го презентираше и Планот за раст за Западен Балкан, како и планот на патот на регионот кон Европската Унија.

Таа потсети на нејзината минатогодишна посета што, како што рече, била посета во клучен момент кога се одлучувало за кандидатскиот статус на Босна и Херцеговина. Потоа таа зборуваше за пораките што ги носи при оваа посета.

„Мојата прва порака е уште еднаш да нагласам дека иднината на Босна и Херцеговина е во Европската Унија. Сакам да истакнам колку сакаме Босна и Херцеговина да биде полноправна членка на ЕУ и колку е силна нашата поддршка на вашиот европски пат. Вие покажавте и преку формирањето на Владата минатата година и со сето она што беше направено во првата година од мандатот дека оваа земја навистина може да постигне резултати“, појасни Фон дер Лајен.

Меѓутоа, наведе таа, сега целта треба да биде решавачки напредок за реализација на 14 клучни приоритети.

„Ова, секако, ќе претставува напредок во процесот на пристапување и ќе ве приближи до ЕУ. Мора да кажам дека нашата досегашна соработка беше одлична и ќе продолжиме тесно да соработуваме и во иднина. Сите знаат дека за да се постигне оваа цел, за да се постигне напредок, Босна и Херцеговина треба да дејствува обединето, да дејствува со еден глас и еден единствен став. И не може да дозволиме назадување во нашите заеднички вредности во кој било дел од вашата земја“, рече Фон дер Лајен.

Таа се осврна на почитувањето на уставните уредувања, основните слободи, граѓанското општество…

„Сето тоа се фундаментални вредности на ЕУ и се апсолутно клучни на европскиот пат. Иднината на оваа земја е во Европската Унија како единствена, обединета, суверена земја. Мојата втора порака за денес е дека мора да работиме на здружување на нашите економии. Имаме наш инвестициски план од 30 милијарди евра за Западен Балкан и овој план веќе брзо носи резултати. Еден пример се проектите за автопатишта и железници по должината на Коридорот 5ц. Минатата година поминавме низ многу тешка енергетска криза заедно, но останавме еден до друг, успешно ја надминавме и со тоа покажавме дека со заеднички настап и работа и обединет став заснован врз такви принципи може да ја надминеме секоја тешкотија“, појасни Фон дер Лајен.

Таа се осврна и на економијата на земјите денес.

„Вашата економија е околу 35 отсто од европскиот просек, многу неискористен потенцијал, што е важно за нас. И поради оваа причина, го презентираме новиот План за раст за Западен Балкан. Планот има четири компоненти. Првата е дека ние, од наша страна, го отвораме нашиот единствен пазар за деловни субјекти од Западен Балкан во седум важни гранки. Вториот принцип е дека Западен Балкан ги отвора своите граници и заеднички да го комплетирате регионалниот пазар. Ова е нешто што допрва треба да се постигне, но потенцијалот е непобитен и огромен. Третиот е дека ако ние го отвориме нашиот единствен пазар, ако вие го комплетирате заедничкi регионално, тогаш тоа неминовно повлекува одредени реформи што мора да се спроведат за подобра интеграција“, истакна Фон дер Лајен.

Таа смета дека за Босна и Херцеговина е подобро деловното опкружување, дигитализацијата, на која сите мора да работат, зазеленувањето, односно подготовка на економијата за зелена транзиција.

„Четвртиот принцип, кој го следи ова, се инвестициите. Комбинацијата на реформи и инвестиции е исклучително моќна. Се покажа како моќен инструмент. Веруваме дека може да биде успешно и на Западен Балкан. Доколку успешно се спроведе , Планот за раст не само што би ги зближил нашите економии, веќе има отворено нови работни места. Мислам дека ова е вистинската понуда што доаѓа во вистинско време. Ако успееме со сето она што го имавме за цел преку Планот за раст, имаме можост да ги удвоиме вашите економии во рамките на една деценија. Тука сум да ја истакнам нашата поддршка и да кажам дека сме со вас“, наведе Фон дер Лејен.

Таа посочи дека решавањето на сите 14 клучни приоритети, особено делот што се однесува на владеењето на правото, е исклучително важно, особено за оваа земја.

„Сите земји од Западен Балкан имаат пристап до новиот План за раст, секако предвидени се одредени количини на средства за поединечни земји, но тие не се точно фиксирани. Реформите се услов. Ако се спроведат реформите, тогаш доаѓаат и средствата. Јасно ни е дека за реформите е потребно време, но ако ништо не се направи, ако не се спроведат реформи, средствата ќе се префрлат во другите земји од Западен Балкан што постигнуваат резултати. Ова е поттик за сите да работат, да напредуваат и да ги искористат економските можности“, додаде Фон дер Лајен.

Посетата започна со состанокот со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ и Жељко Цвијановиќ.

Фон дер Лајен пристигна во Босна и Херцеговина како дел од нејзината балканска турнеја откако претходно ги посети Северна Македонија, Косово, Црна Гора и Србија.

Посетата ќе заврши со церемонија на примопредавање на нови станови за 27 семејства во Вогошќа што се корисници на Регионалната програма за домување, која најмногу ја финансира Европската Унија, околу 80 отсто.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сорос дал над 15 милиони долари на групи зад про-Палестинските протести

Следно

Пациенти сведочат за Онкологија – се жалат дека главно се соочувале со недостиг на терапија

Latest from Blog

Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог

Пред да започнеме со изградба на aвтопатот Тетово – Гостивар, изведувачот најпрво ќе изгради алтернативен пат за да не се случи населените места долж автопатот па и одредени општини да останат отсечени,

Курти: Сите одлуки во надворешната политика ги носам во договор со Османи, Коњуфца и Гервала

Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Подуево изјави дека сите одлуки за надворешната политика на Косово ги донел во договор со претседателката Вјоса Османи, претседателот на Собранието Гљаук Коњуфца и министерката за

Зеколи Шаќири: Знамето е највисок симбол на националниот идентитет и достоинство и како такво заслужува целосна почит од сите

Заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири се огласи по вчерашните инциденти при прославите на денот на албанското знаме. Таа изразува длабоко жалење и загриженост за оштетувањето на знамето на Република Македонија.

Уапсени осум лица, еден малолетник – реакции по синоќешните инциденти со палењето знамиња

Осум лица се уапсени по синоќешните инциденти за време на прославата на Денот на албанското знаме, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Според него уапсените се наоѓаат во полициска станица и
Go toTop