Урсула фон дер Лајен го преживеа гласањето за недоверба

January 22, 2026
1 min read

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска преживеа гласање за недоверба од страна на крајнодесничарските пратеници во врска со трговскиот договор на Европската Унија со јужноамериканскиот блок Меркосур.

Предлогот, поднесен за време на пленарната седница во Стразбур, не успеа да обезбеди двотретинско мнозинство потребно за усвојување.


Предлогот за недоверба беше поднесен на 14 јануари од групата „Патриоти за Европа“, третата најголема политичка група во Европскиот парламент.

Групата ја обвини Европската комисија дека ги заобиколува и Европскиот парламент и националните парламенти при склучувањето на трговскиот договор со Меркосур и дека ги игнорира загриженостите на милиони европски земјоделци.


Предлогот на крајнодесничарите беше одбиен од 390 пратеници, со 165 „за“ и 10 воздржани.

Ова беше четврти пат Фон дер Лајен да се соочи со гласање за недоверба откако ја презеде функцијата по втор пат. Претходно, истиот преживеа слични предлози поврзани со ситуацијата во Појасот Газа и трговската политика на ЕУ во јули и октомври 2025 година.


Според договорот, тарифите за низа земјоделски производи, вклучувајќи говедско месо, живина, млечни производи, шеќер и етанол, ќе бидат намалени за земјите од Меркосур, имено Аргентина, Бразил, Парагвај и Уругвај, додека европските индустриски сектори ќе добијат поголем пристап до јужноамериканските пазари.

Договорот беше потпишан на 17 јануари во Парагвај, по повеќе од две децении преговори. Неговото усвојување беше одложено во декември поради широките протести на земјоделците и противењето од неколку земји-членки, вклучувајќи ги Франција, Ирска, Унгарија и Полска.

Во среда, Европскиот парламент усвои резолуција со која се бара од Европскиот суд на правдата (ЕСП) да издаде правно мислење за тоа дали договорот од Меркосур е компатибилен со договорите на ЕУ.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Овие хороскопски знаци сите ги посакуваат за пријатели!

Следно

Голем удар за Барса: Педри најмалку еден месец во аут!

Latest from Blog

Стентон Градба гради нов индустриски капацитет на Brainchild во ТИРЗ Жабени – Битола

Во ТИРЗ Жабени – Битола е во тек изградбата на нов производствен објект на компанијата Brainchild, а изведбата на проектот ја реализира градежната компанија Стентон Градба, која е ангажирана на терен во спроведувањето на оваа значајна

Николоски од Вашингтон: Коридорите 8 и 10 се клучни за економскиот развој на Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на форумот на Светска банка во Вашингтон зборуваше за значењето на паневропските транспортни коридори 8 и 10, истакнувајќи дека тие се меѓу најважните инфраструктурни проекти

Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло, додека Федералното истражно биро (ФБИ) предупредува на ирански дронови кои потенцијално би можеле да го

Почина Кирил Поп Христов – Кили

Македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец Кирил Поп Христов – Кили почина на 58 годишна возраст. Кили починал на Еквадор каде живееше долги години. Таму се пресели во 2014 година Христов дипломира
Go toTop