Урош Блажиќ прогласен за виновен за масакрите во две села во Србија

December 12, 2024
1 min read

Урош Блажиќ, кој на 4 мај 2023 година уби девет и рани 12 лица во селата Мало Орашје и Дубона во Србија, е осуден пред Специјалниот суд во Белград, јавија српските медиуми.

Судењето заврши во експресниот рок за српското правосудство и по неполни четири месеци колку што траеше процесот.

„Виновни се обвинетите Урош Блажиќ и обвинетата Радиша Блажиќ“, рече претседавачкиот судија Лидија Јовановски и посочи дека судскиот совет ја донел одлуката едногласно.

Со оглед на тоа дека во моментот на делото немал 21 година, законот го оквалификува како малолетник, па за убиството на деветмина може да добие најмногу 20 години затвор.

Дури во последните зборови Урош Блажиќ јавно го изрази своето каење за злосторството што го направил за првпат и дури изјави дека му е жал што „нема смртна казна затоа што ќе му одговара“, јавија белградските медиуми.

Обвинителот побара казна затвор од 20 години за Урош Блажиќ и неговиот татко Радиша.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Следно

Намалена видливост поради магла на Плетвар

Latest from Blog

ОНКОЛОГОТ РИСТЕСКИ: Никотинските лепенки не лечат рак, не слушајте глупости по интернет, напротив – го штитат ракот

– Реномираниот онколог д-р Милан Ристески предупредува на невистинитоста на содржини во кусите видеа коишто се шират на социјалните мрежи, а се однесуваат на канцерот и наводната лековитост на никотинските лепенки. -Повторна

Се дигитализира системот за заразни болести

Ќе се воведе целосно нов електронски систем за задолжително пријавување на заразни болести. Клучната новина е системот АЛЕРТ 2.0, кој ќе овозможи брзо известување и предупредување врз основа на симптомите на пациентите.
Go toTop