Урбана акција за говорот на омраза како пречка за разбирање, доверба и заеднички живот

August 1, 2025
1 min read

Во поларизирано општество како нашето, говорот на омраза сè почесто станува дел од секојдневието. Тој не го нарушува само комуникацискиот и социјалниот простор, туку и создава невидлива бариера помеѓу луѓето. Пречка за разбирање, доверба и заеднички живот.

Токму на ова прашање одговара новата уметничка интервенција во центарот на Скопје, која симболично ја претставува штетата од говорот на омраза преку физички пречки во јавниот простор. На потегот од Комерцијална банка и ТЦ Буњаковец до малиот сквер кај Ким се поставени објекти налик на атлетски препони, со јасно испишани пораки што потсетуваат дека говорот на омраза создава бариери во општеството.

„Идејата на оваа акција е да се претстави какви пречки во животот на граѓаните предизвикува говорот на омраза. И токму затоа решивме на еден ваков експлицитен начин да правиме пречки како на атлетска патека и на нив да ставиме јасно читливи пораки за говорот на омраза. Многу често луѓето ја злоупотребуваат слободата на говор и неретко доаѓа до ширење на говор на омраза. Затоа решивме да ги судриме луѓето со проблемот а тоа е сè почесто користење на говор на омраза кон разни групи. Без разлика дали се етнички, дали се политички, дали се жени, или луѓе кои имаат други навики или хобија.“ изјави Писарев, автор на концептот.

„Практично сакаме да ги потсетиме луѓето дека во воспитувањето на децата и во образовниот систем треба да се обрне посебно внимание на тоа што смее да се зборува, каде е таа граница помеѓу конструктивната критика и говорот на омраза, која не смее да се преминува“ додава тој.

„Да им поставиме на луѓето едно прашање – да поразговараат со своите пријатели, кога ги воспитуваат своите деца, и доколку забележат такво нешто, да ги потсетат на она што ни го велеа во школо: ’Не е убаво така да се збори‘.“

Акцијата веќе предизвикува реакции кај минувачите. Еден граѓанин, кој застана да ги прочита пораките, сподели:

„Ми се случувало во неколку наврати да бидам изложен на говор на омраза, врз разни основи – пред сè на етничка, честопати на верска или класна, па дури и економска, што е уште пострашно. За луѓето, особено во детството или во тинејџерските години, ваквото искуство остава трајни лузни. Можеби не за мене, но за оние кои секојдневно се соочуваат со такви проблеми – сигурно.“

Акцијата е дел од концептот на креативен активизам, каде уметноста станува алатка за општествена трансформација. Наместо само апстрактни пораки, таа нуди физичко искуство – јавниот простор станува место на дијалог, а минувачите се претвораат во активни учесници.

Оваа уметничка интервенција е реализирана од Центарот за современи уметности – Скопје во рамките на проектот „Мрежа за разновидност 2.0 – Нова агенда“, што го спроведува Здружението за унапредување на новинарските практики „Иновативни медиуми – Скопје“.

Преземено од Мета.мк

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пред нас е викендот со најголем интензитет на сообраќајот на патиштата и граничните премини

Следно

Намалени царини за македонскиот извоз во САД: Од 33 на 15 отсто

Latest from Blog

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер
Go toTop