Употребата на пиротехника на прослава на ВМРО-ДПМНЕ, за опозицијата е неодговорност, за власта се било уредно пријавено

June 9, 2025
1 min read

Умесни ли се прослави на политички партии по неполни три месеци од една од најголемите трагедии во Македонија која однесе 62 млади животи? 

Двете најголеми македонски партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ преку своите млади сопартијци си разменија жестоки пораки – за опозициската СДСМ вчерашната прослава на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ била „срамна„ а употребата на пиротехника која после катастрофалниот пожар во импровизираното диско е забранета, како „скандалозна“. 

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ пак, возратија дека опозицијата се занимавала со некрофилство. СДСМ бара итна реакција од МВР како и казни за корисниците на пиротехниката, додека пак ВМРО ДПМНЕ посочува дека забраната за употреба на пиротехника се однесувала на затворени простории, а собирот бил на отворено.

И додека секоја сабота по Кочанските улици протестираат родителите на загинатите деца носејќи нивни фотографии и барајќи правда за смртта на 62 млади луѓе, двете најголеми партии и понатаму продолжуваат со меѓусебни обвинувања за злоупотреба на болката на семејствата и катастрофалната трагедија за некој дополнителен политички поен.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лавчињата близнаци Осимхен и Чиро станаа маскоти на паркот за диви животни во Анталија

Следно

Цената на квадратот за стан во Скопје ќе поефтини само кога би имало катастрофа

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната

Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија – МБИ10 со благ пад од 0,07%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 23 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,07% и заврши на 9.949,44

Намален ДДВ, стабилни цени – Владата го ублажи ударот врз граѓаните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop