УНРВА: Во Газа 37 деца секојдневно ги губат своите мајки во израелските напади

May 3, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Агенцијата на Обединетите нации (ОН) за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) објави дека 37 деца секојдневно ги губат своите мајки во израелските напади во Појасот Газа, јавува Анадолу.

„Војната во Газа продолжува да биде војна против жените“, соопшти УНРВА на социјалната платформа Х.

Наведува дека во Газа се убиени 10.000 жени, а 19.000 се повредени.

„Триесет и седум деца секојдневно ги губат своите мајки“, соопшти Агенцијата на ОН.

УНРВА предупреди и на тешките услови за живот во блокираниот Појас Газа.

„Условите се ужасни, со повеќе од 155.000 бремени жени и доилки кои имаат многу ограничен пристап до вода и средства за хигиена“, се наведува во соопштението.

Прекршувајќи ја привремената пресуда на Меѓународниот суд на правдата, Израел го продолжува нападот врз Појасот Газа, во кој од 7 октомври минатата година загинаа најмалку 34.622 Палестинци, главно жени и деца, а 77.867 се ранети.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поплави на југот на Бразил, расте бројот на загинати

Следно

Руски антивоен активист осуден на 15 години затвор

Latest from Blog

ЗА ТОА ШТЕ ЌЕ СЛЕДИ ВИНОВЕН Е ЗЕЛЕНСКИ – Москва најави сосема нов вид војна во Украина

Москва во рок од само неколку минути испрати две фатални и бескомпромисни пораки до украинското раководство: руското Министерство за одбрана најави драстично засилување на ракетните удари низ цела Украина, додека Кремљ децидно

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот
Go toTop