Универзитетот во Тетово одржа свечена академија по повод 29 годишнината од основањето

December 15, 2023
1 min read

реклама


Со свечена академија Универзитетот во Тетово ја одбележа 29 годишнината од основањето. Пригодни говори одржаа ректорот Јусуф Зејнели, претседателот на Собранието Талат Џафери и министерот за образование Јетон Шаќири. Одржана беше и културно-уметничка програма.

Ректорот Јусуф Зејнели во обраќањето истакна дека во учебната 2023/2024 година значително е зголемен бројот на нови студенти во различни насоки на студиските програми што ги нудат 13-те академски единици и истакна дека довербата што им ја дале студентите и нивните семејства ги прави горди, но и посвесни за одговорноста и товарот што го носат.

реклама

– Со овие 29 години активност во служба на високото образование, Универзитетот во Тетово одигра многу важна улога во образованието на многу генерации кои се профилираа како професионалци во различни области, а денес, со полно право, горди сме кога тие се на раководни функции во највисоките државни институции кај нас и пошироко. Ова импресивно достигнување, секако, е посветено на сите наши професори кои низ годините придонеле за развојот на Универзитетот, истакна ректорот Јусуф Зејнели.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во своето обраќање пред присутните на одбележувањето рече дека како законодавци прават сè за да создадат поповолни и посоодветни услови за благосостојбата, интелектуалниот раст и развој на младите поколенија.

реклама

– Предизвиците се големи, меѓутоа ние сите имаме обврска да им понудиме најдобра појдовна точка за да го држат чекорот со светот. Денес, Тетово е универзитетски град со огромен студентски потенцијал каде енергијата, волјата и визијата се чувствува во секој агол и ние треба да направиме сè оваа младешка енергија, да се канализира, да се ориентира и да се искористи на најдобриот можен начин, за доброто на студентите, на локалната средина меѓутоа и централната. Да придонесеме за да сакаат да останат тука, во татковината, тука да ја гледаат надежта и перспективата за исполнување на професионалните аспирации меѓутоа, над сè, на семејните, јас сум убеден дека нивниот успех ќе биде најголемата награда за сите нас, истакна Џафери.

Универзитетот почна со предавања во 1994 година, а во јануари 2004 година беше легализиран со усвојување на закон од страна на Собранието за основање на Државниот универзитет во Тетово.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СПМ: Владата е единствениот виновник за македонскиот евроинтегративен дебакл

Следно

Зајкова: ЛДП на изборите ќе коалицира со онаа партија која ќе сака Македонија што поскоро да биде во ЕУ

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop