Универзитетот во Белград предложи решение за излез од кризата

May 21, 2025
1 min read

Универзитетот во Белград се согласи и им презентираше на студентите документ во кој се предлага решение за кризата.

Деканката на Филолошкиот факултет во Белград, Ива Драшкиќ Виќановиќ, за Инсајдер изјави дека сега се чека одговорот на студентите по состанок што го имале во понедленикот со 31 декан, ректори и студенти, претставници од сите факултети.

Според неа, „пет или шест часа“ разговарале за сите аспекти на моменталната состојба на академската заедница и сега се чека одговор од студентите.

Во документот се предлага:

Сакаме да понудиме механизам преку кој Универзитетот ќе: 1) продолжи да ги поддржува студентите во борбата за пофер општество, 2) ќе ги заштити сите свои студенти и сите свои вработени и со тоа 3) ќе ја брани и својата автономија и својата општествена улога.

Прашањето за одговорноста и валидноста на постапките на институцијата првично го покренаа студентите преку нивните четири барања, а тие го привлекоа вниманието на јавноста со неколкумесечно блокирање на факултетот. Во ова, тие беа поддржани од речиси сите професори и застанаа заедно со нив под покровителство на универзитетската автономија, како и во заедничка и оправдана реакција на општествените проблеми од најголемо значење.

Социјалното движење на студентите во блокадата неодамна влезе во ново поле на дејствување, одлучувајќи се за политичка артикулација на своите ставови во форма на барање за вонредни парламентарни избори. Иако голем број наставници ја поздравија оваа одлука, професорите и студентите можат да ја поминат оваа фаза од заедничкиот пат само како граѓани.

Универзитетот не може да ги следи студенти во блокада во изборниот процес, но може да остане нивен сигурен партнер во заштитата на студентските барања до нивното исполнување и во борбата за уставните принципи и вредности врз кои тие се темелат.

Со цел да се зачува единството на универзитетската заедница и заеднички да се спротивставиме на невидените притисоци со кои се соочува, предлагаме заедничко дејствување на студентите, наставниот и ненаставниот кадар од сите факултети на Универзитетот во Белград.

Во случај на продолжување на наставата, Универзитетот во Белград е подготвен да преговара со претставници на Владата на Република Србија и Министерството за образование. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Американската армија објави дека нема да го одбележи роденденот на Трамп на парадата на 14 јуни

Следно

Ацевски за претседателката на ДКСК: Се додека судот не го докаже спротивното, јас верувам дека таа е невина!

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop