УНИВЕРЗИТЕТИТЕ „КОДАРТС“ И „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ НАГРАДЕНИ СО МЕНАДА ОД 12. ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ

March 30, 2023
1 min read

Холандскиот универзитет „Кодартс“ и македонскиот „Гоце Делчев“ се годинашни добитници на наградата Менада за поддршка на современиот танц, која ја доделува Бордот на Танц фест Скопје. Годинава наградата се доделува по 12. пат, а ја добиваат, како што вели уметничката директорка Рисима Рисимкин, „Кодартс“ од Ротердам, со кој Интерарт културниот центар соработува 15 години и со чија поддршка е основана првата едукативна програма за современ танц на универзитетско ниво во земјава и на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на кој во 2017 година се вдоми Катедрата за современ танц.

„Сметаме дека е исклучително значајна работата на двата универзитета, нивниот сенс и однос кон современата култура, со посебен акцент на квалитетот на наставата, извонредната продукциска програма која им ја овозможуваат на студентите“, се вели во образложението на Бордот.

Академијата за современ танц при универзитетот  Кодартс во 2008 година потпиша Меморандум за соработка со културниот центар Интерарт  и Рисимкин, со што во 2010 започна со работа Скопје танцовата академија, прва образовна програма на универзитетско ниво за современ танц во земјава. Оваа соработка, во која „Кодарст“ за првпат во својата историја, долга преку 80 години постоење, дозволи споделување на наставните програми на универзитетот, беше поддржана од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

Според Бордот, Универзитетот „Гоце Делчев“ покажа исклучително чувство за уметничките современи форми и даде своја поддршка за развојот на современиот танц во земјава, преку оформување на Катедрата за современ танц на Филмската академија, програма која беше поставена во соработка со Холандија. Воедно, во заеднички заложби со професорката Рисимкин, се обезбедија и просторни услови и катедрата работи во просториите на Домот на АРМ во Скопје, со што се заокружува формирањето на оваа програма.

Наградите ќе се доделат на 4 април, во 20 часот, на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ), на свеченото отворање на фестивалот. Ќе се изведе претставата на Кодартс танцовата компанија „Таленти во движење“ , во чест на 30 години дипломатски односи со Холандија.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Објавени месечните плати во ПСЖ: Нереални цифри кои ја шокираа француската јавност

Следно

Здравствените работници денеска на протест – бараат потпишување на анексот за покачување на платите

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Премиерот Христијан Мицкоски утре доаѓа во Тетово

Утре 23.03.2026 година (понеделник) претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“, инофрмираат од владината прес-служба.
Go toTop