УНИЦЕФ: Ризикот од глад, болести и смрт за децата во Газа секојдневно се зголемува

May 2, 2025
2 mins read

ЊУЈОРК (АА) – Кетрин Расел, извршната директорка на Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), изјави дека децата се лишени од виталните потреби поради израелското блокирање на помошта за Појасот Газа и дека ризикот од глад, болести и смрт се зголемува од ден на ден, известува Анадолу.

Извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел, објави писмено соопштение во врска со состојбата на децата во Газа.

Посочувајќи дека децата во Појасот Газа се борат да преживеат под континуираното израелско бомбардирање веќе два месеца, лишени од храна, услуги или грижа што ќе им ги спаси животите, Расел истакна:

„Со блокирањето на помошта, ризикот од глад, болести и смрт се зголемува секојдневно. Ваквата состојба не може да се оправда на никаков начин.“

Расел рече дека хуманитарната помош е „единствениот спас“ за децата во регионот и дека таа е при крај.

Нагласувајќи дека семејствата се борат да преживеат, Расел продолжи со зборовите:

„Тие не можат да избегаат и да најдат безбедно засолниште. Земјиштето што го обработуваат е уништено, а ограничен е и нивниот пристап до морето каде што ловат. Пекарниците се затвораат, производството на вода се намалува, полиците во продавниците се речиси празни. Освен хуманитарната помош, не остана никаква поддршка достапна за децата.“

Расел рече дека повеќе од 75 % од домаќинствата имале потешкотии во пристапот до вода последниот месец, и додаде дека луѓето не можат да најдат вода за пиење и честопати се принудени да направат избор помеѓу туширање, чистење или готвење.

Од друга страна, осврнувајќи се на ширењето на епидемиските болести во Газа, Расел рече:

„Вакцините брзо се трошат. Особено има сериозно зголемување на случаите на акутна дијареја, и во моментов една четвртина од болестите регистрирани во Газа ги претставуваат овие случаи. Повеќето од овие случаи се јавуваат кај децата под 5 години и за нив се опасни по живот.“

Расел истакна дека повеќе од 9.000 деца се примени во болниците за третман на акутна неисхранетост од почетокот на годината, додека стотици други немаат пристапат до лекарски третман поради немање безбедност и поради раселувањата.

– „Мора да се дозволи помошта да помине“

Посочувајќи дека меѓународното хуманитарно право бара хумано третирање на населението кое е под контрола, Расел го истакна следното:

„Ова вклучува не само обезбедување храна, лекови и основни потреби за цивилите, туку и обезбедување хигиена и услови за јавно здравје. Сите страни во конфликтот мора да дозволат брз и непречен проток на хуманитарна помош и да им овозможат на сите релевантни агенции на ОН да работат во интерес на локалното население.“

Информирајќи дека УНИЦЕФ сè уште е на терен во Газа за да им обезбеди поддршка на децата, Расел продолжи со зборовите:

„Сепак, блокирањето на помошта и повеќе од 18 месеци војна ги доведоа децата од Газа на работ на пропаст. Го повторуваме нашиот апел за укинување на ембаргото за помош, да се дозволи влез на комерцијална стока во Газа, да се ослободат заробениците и да се заштитат сите деца.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Кривична пријава против полицајци – прекриле прекршок и го внеле на друго лице кое не било контролирано

Следно

Притворен маж кој фотографирал воени објекти во Грција

Latest from Blog

Мадона се мажи за момче, помладо од нејзината ќерка- свадбата ќе се одржи во Европа

Странските медиуми објавуваат дека Мадона (67) наскоро би можела да го каже судбоносното „да“ на своето 38-годишно момче Аким Морис (29), со кого е во врска неколку години. Според „Радар онлајн“, Аким

Тројца мажи од група од 50-тина што им се закануваше на Србите во Сплит се приведени, откриен идентитетот на еден од вмешаните во скандалот

Сплитската полиција, неофицијално дознава „Слободна Далмација“, во вторник пронашла и привела тројца мажи за кои се сомнева дека се дел од група од околу педесет лица во понеделник вечерта во рацијата во

Со колку пари се купува среќата?

Сите ја знаеме познатата изрека „Среќата не се купува со пари“, но сумата на пари што ја заработувате може да влијае врз тоа како ја доживувате среќата, вели едно најново научно истражување.

Мицкоски од Брисел: Поради вештачки спорови две и пол децении стоиме во место на нашиот европски пат

Две и пол децении по почнувањето на нашиот пат кон членство во ЕУ, ние се уште сме на истото место, не затоа што не ги исполнуваме Копенхашките критериуми, туку поради некои вештачки
Go toTop