УНИЦЕФ повика на акција бидејќи децата во Газа секојдневно се соочуваат со крвопролевање

December 14, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Директорката на Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), Кетрин Расел, повика на акција во петокот вечерта бидејќи децата во Појасот Газа секојдневно се соочуваат со крвопролевање, известува Анадолу.

„Светот не може да го сврти погледот настрана кога толку многу деца се изложени на секојдневно крвопролевање, глад, болести и студ“, рече Кетрин Расел и додаде:

„Итно ги повикуваме сите страни во конфликтот, и оние кои имаат влијание врз нив, да преземат решителна акција за да се стави крај на страдањето на децата, да се ослободат сите заложници, да се обезбеди почитување на правата на децата и да се спроведуваат обврските што ги наложува меѓународното хуманитарно право.“

Се наведува дека 33 лица, меѓу кои и најмалку осум деца, биле убиени во четвртокот во друг разорен напад на кампот Нусејрат во центарот на Газа.

„Најновото насилство ја зголемува неверојатната бројка од повеќе од 160 деца, наводно, убиени во Газа за нешто повеќе од еден месец. Тоа е во просек по четири деца секој ден од почетокот на ноември“, изјави Расел.

Таа нагласи дека во текот на изминатите 14 месеци, наводно, биле убиени повеќе од 14.500 деца и дека речиси на сите 1,1 милион деца во Газа итно им е потребна заштита и помош за ментално здравје.

„Нема безбеден простор во Газа. Нема чувство на стабилност за децата, на кои им недостасуваат основни потреби како храна, безбедна вода, медицински материјали и топла облека во време кога зимските температури паѓаат“, рече Расел.

Таа посочи дека болестите што може да се спречат продолжуваат брзо да се шират, вклучувајќи повеќе од 800 случаи на хепатитис и повеќе од 300 случаи на овчи сипаници (варичела).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Викторија Трајков на одбележување на 20-годишниот јубилеј на Националниот совет на Македонците во Србија

Следно

САД ќе воведат целосни санкции против Нафтената индустрија на Србија

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop