Унгарскиот план за олеснување на влезот за Русите и Белорусите – „сериозен ризик“ за ЕУ

July 31, 2024
2 mins read

Европската народна партија предупреди дека олеснувањето на визните ограничувања воведени од Будимпешта за посетителите од Русија претставува ризик за „националната безбедност“, пишува Фајненшл тајмс.

Имено, Унгарија неодамна донесе одлука за олабавување на визните ограничувања за посетителите од Русија, „што ја отвори вратата за шпиони и ЕУ треба веднаш да преземе контрамерки“, објави најголемата политичка партија во блокот.

Во јули Унгарија објави детали за новиот систем за „брза работна виза“ за граѓаните на осум земји: Босна, Северна Македонија, Молдавија, Црна Гора, Србија, Украина, Русија и Белорусија, кој дозволува влез без безбедносни проверки или други ограничувања и подолг престој Унгарија.

Манфред Вебер, претседател на Европската народна партија, во писмото цитирано од Фајненшл тајмс, вели дека потегот на Унгарија ќе им овозможи на „непроверените“ Руси слободно да патуваат низ поголемиот дел од ЕУ, што како што вели, би претставувал „сериозен ризик за националната безбедност“.

Будимпешта соопшти дека многумина ќе бидат вработени во изградбата на нуклеарна централа што е договорена со руската компанија Росатом.

Руските граѓани не се соочуваат со забрана за влез во ЕУ и во Шенген зоната без гранична контрола, која ги вклучува и Норвешка и Швајцарија кои не се членки на ЕУ, доколку поседуваат валидна виза и немаат врски со рускиот претседател Владимир Путин.

Но, западните санкции како одговор на целосната инвазија на Русија на Украина вклучуваат забрана за авиокомпании во сопственост на Русија да работат во воздушниот простор на ЕУ, што го отежнува патувањето на руските државјани во блокот. Во исто време, правилата за издавање работни дозволи се работа на секоја земја-членка на ЕУ посебно.

Во писмото, Вебер ги повика лидерите на ЕУ „да ги усвојат најстрогите мерки за веднаш да го заштитат интегритетот на Шенген зоната, да го ограничат безбедносниот ризик што веќе се појавил и да ги спречат земјите-членки да преземаат слични иницијативи во иднина“.

Вебер бара од претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел да го покрене ова прашање на следниот самит на лидерите на ЕУ во октомври.

Инаку унгарскиот премиер Виктор Орбан предизвика бурни реакции кај лидерите на ЕУ претходно во јули кога отпатува за Москва за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин по претходната посета на Киев, наводно во обид да посредува во мировните преговори меѓу Русија и Украина.

Многу земји оттогаш одбија да ги испратат своите министри на состаноци одржани во Унгарија, поради што тие беа презакажани во Брисел.

Раса Јукневичиене, член на Европскиот парламент и поранешен министер за одбрана на Литванија, во интервју за Current Time ги критикуваше постапките на Орбан.

„Многу луѓе се „вратени назад“ со одлуката на Унгарија, иако не треба да бидеме затоа што Унгарија и акциите на Орбан ја уништуваат ЕУ одвнатре. Но, нашето трпение порано или подоцна ќе истече“, рече Јукневичиене.

Иако многумина се надеваат дека унгарската влада ќе се промени преку демократски процес, „дотогаш никој не сака да ја избрка целата унгарска нација од ЕУ“, рече таа.

За време на војната на Русија во Украина, Орбан беше „во кавга“ со другите лидери на ЕУ со тоа што одбиваше да му обезбеди оружје на Киев за одбрана од руските сили и рутински ги одложуваше, намалуваше или блокираше напорите за испраќање финансиска помош во Киев и воведување санкции кон Москва.

Лидерот со најдолг стаж во ЕУ, Орбан стана икона за некои конзервативни популисти поради неговото цврсто противење на имиграцијата и правата на ЛГБТК+ припадниците. Тој, исто така, презеде остри мерки против печатот и судството во Унгарија и беше обвинет од ЕУ за кршење на стандардите за владеење на правото и демократијата.

Извор: slobodnaevropa.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Последен ден од акцијата на ЈП Водовод за отплата на долговите без пресметка на камата

Следно

Израелски министер го поздрави убиството на шефот на Политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, во Техеран

Latest from Blog

Општина Битола: Завршна фаза од доградбата на локалниот пат за село Буково

Општина Битола: Завршна фаза од доградбата на локалниот пат за село Буково Во Општина Битола денес започна асфалтирањето на завршниот слој на левиот дел од коловозот на локалниот пат за село Буково,

Проданоски: Прилеп ќе биде центар на развој и гордост на Македонија

На денешната свечена седница на Советот на Општина Прилеп, новоизбраниот градоначалник Дејан Проданоски и официјално ја презеде функцијата, означувајќи го почетокот на ново поглавје за градот. Во своето прво обраќање, Проданоски повика

Кој е новиот сопственик? Лукоил доби понуда за купување

Лукоил доби понуда за купување на неговите меѓународни средства, објави веб-страницата lukoil.com. Клучните услови на договорот беа претходно договорени од страните. Од своја страна, Лукоил ја прифати понудата, обврзувајќи се да не

Божиновска: Македонија чекори кон одржлива енергетска иднина

На 14-от Глобален форум за одржлива енергија (IFESD-14), министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, истакна дека развојот на одржливи и модерни енергетски системи е приоритет за Македонија. Во рамки

2 хороскопски знаци влегуваат во златното доба: Тие ќе бидат миленици на космосот

Познатата астрологка Василиса Володина најавува дека крајот на октомври 2025 година ќе донесе силен бран на позитивна енергија, особено за Овен и Рак. По еден турбулентен период, за овие два знака се
Go toTop