Унгарката Енико Есењи годинашен лауреат на Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа 2023“ во Преспа

June 30, 2023
1 min read

Унгарската актерка Енико Есењи е годинашниот добитник на наградата за животно дело „Актер на Европа – 2023“ на Интернационалниот театарски фестивал во Преспа.

Фестивалот делува од 2003 година, кога Европскиот парламент го прогласи Препанското Езеро за Меѓуграничен европски парк, меѓу Македонија, Грција и Албанија. Фестивалот годинава, ќе го има своето 21 издание, со почеток на 6 јули 2023 пред „Сарајот“ во Ресен.

Манифестацијата ќе почне со ретроспектива на легендарните имиња на европскиот театар, досегашни добитници на наградата за животно дело „Актер на Европа“. Првото легендарно име на европскиот театар кое ја понесе оваа награда беше Љуба Тадиќ од Белград. Меѓу наградените се Јон Карамитру (Романија), Милена Зупанчич (Словенија), Ана Патресон (Шведска), Марсел Бозоне (Франција), Раде Шербеџија (Хрватска), Брус Мејерс (Велика Британија) итн.

За годинашната добитничка Енико Есењи ќе биде прикажан уметнички портрет со сите нејзини театарски и филмски креации.

Како што е најавено, на свеченото отворање ќе се обратат градоначалникот на Ресен Јован Тозиевски, претседателот на жирито Мето Јовановски, а беседата за лауреатот ќе ја произнесе претседателот на фестивалот Јордан Плевнеш. На истата церемионија признанието „Клучевите на Преспа“ ќе го добие Ласко Џуровски, познат дизајнаер и типограф од нашата држава.

Традиционалната Голема повелба „Балканот – Срцето на Европа“ оваа година ќе ја понесат грчкиот актер Аргирис Гаканис, македонскиот книжевен автор и теоретичар Зоран Пејковски и албанскиот новинар и книжевен критичар Бен Андони.

Во официјалната конкуренција на фестивалот оваа година се oстварувањата:„Разоткривање на минатото – Комуникација во и за Холокаустот“ – авторски проект на Брајан Мајкалс и Кане Кампман (Проект на Градот Келн, СР Германија, „Последниот час на Његош“ од Слободан Маруновиќ, Црна Гора. Исто така „Во името на таткото“ од Шавајцарија, во изведба на Даут Ахмети, во режија на Сулејман Рушити, како и „Среќата е нова идеја во Европа“ по текст на Јордан Плевнеш, во изведба на меѓународна актерска и авторска екипа од Албанија, Црна Гора, Србија, БиХ и Македонија, како дел од проектот „Балканска уметничка мрежа за мобилност“ на Академија Балканика Еуропеана, којшто се реализира со поддршка на УНЕСКО, под менторство и режија на Дејан Пројковски и Јордан Плевнеш.

Завршната вечер на фестивалот, на 11 јули, покрај доделувањето на наградите, ќе ја одбележи и претставта „Чучук Стана“ во изведба на Народниот театар „Зоран Радмиловиќ“ од Зајечар, Србија.

Претставите ќе ги оценува жирито во состав: Мето Јовановски – претседател, Елена Трајковска и Назиф Услу, театрски режисер од Турција.

Покрај претставите во официјална конкуренција во рамки на фестивалот ќе настапат и аматрските групи „Самоилци“ од Ресен, со претставата „Бунда“, по текст на Миле Волкановски, како и „Младинскиот сатиричен театар“ од Славонски Брод со претставата „Беспомошни створења“, по текст на Антон Чехов.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЧИНА АКТЕРОТ АЛАН АРКИН, НАГРАДЕН СО ОСКАР ЗА „МАЛАТА МИС АМЕРИКА“

Следно

(ВИДЕО) „Феникс“: Споменици од „Скопје 2014“ биле плаќани драстично поскапо од цените за кои биле излеани во Италија

Latest from Blog

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи

Не дозволувајте да изгубите пари при откупот: СЕКЕ со важни совети за правилно пакување на тутунот

Со почетокот на сезоната за откуп на тутунот, компанијата СЕКЕ упати важни препораки до тутунопроизводителите за правилно пакување и чување на произведениот тутун, со цел да се зачува неговиот квалитет и да

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со
Go toTop