Унгарија ја победи Холандија, Египет ја шокираше Хрватска

January 20, 2025
1 min read

Унгарија го освои првото место во Д групата на Светското првенство во ракомет. Унгарците во последниот меч во групата ја пбедија Холандија со 36:32.

Во Вараждин, Унгрците во најголем дел од најтпреварот имаа предност, во финошот Холанѓаните внесоа драма, кога се доближија на гол негатива, но нивниот налет го одби голманот Плашиќ со две интервенции. Бока и Лекај со по шест гола ја предводеа Унгарија.

Без Дувњак и Циндриќ Хрватска немаше шанси против Египет. Египѓаните водеа во текот на целиот натпревар. Хрватска успеа во 38 минута да се доближи на гол негатива, но потоа Египет одговори со серија од три гола и практично го реши натпреварот.

Блескаше на голот на Египет играчот на натпреварот, голманот Мохамед Али со 16 интервенции. Египет во втората фаза носи четири бода, Хрватска два, а Аргентина ниту еден.

Шок среде Осло доживеа Норвешка. Со поразот од Португалија 28:31, Норвежаните го освоија третото место во групата и во втората фаза нема да пренесат ниту еден бод. Од оваа група Портуалија ќе пренесе четири, а Бразил два бода.

Дуелот со Португалија покажа дека поразот од Бразил во првата рунда не бил случаен. Голема борба водеа двете селекции во текот на целиот меч, а го реши голманот на Португалија Кабдевил, кој ја врати својата репрезентација во мечот со четири одбрани во низа, откако Норвежаните водеа 19:16.

Капдевил на крајот имаше 14 одбрани, а најефикасни беа Праде и Кошта со по шест гола. Кај Норвешка се истакна Лисе кој постигна девет гола.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Наредните денови облачно, од вторник дожд и снег

Следно

Нова трагедија во Србија: Шест загинати и седуммина повредени во пожар во дом за стари лица во Белград

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop