Унгарија е строго против новиот пакт на ЕУ за миграциите

September 30, 2023
1 min read

АТИНА (АА) – Унгарија го повтори своето остро противење на новиот договор на Европската Унија (ЕУ) за мигрантите, усвоен од Советот за правосудство и внатрешни работи во јуни, соопшти Кабинетот на премиерот, јавува Анадолу.

Договорот не се занимава со проблемот на азил и нема да ја запре илегалната миграција, истакна државниот секретар во Министерството за внатрешни работи на Унгарија, Бенце Ретвари.

„Унгарија го отфрла промигрантскиот предлог на Брисел“, рече Ретвари, тврдејќи дека пактот, кој го нарече потенцијален магнет за мигрантите, ќе ја отвори вратата за нова масовна илегална миграција во Европа.

Ретвари истакна дека договорот, за кој моментално се расправа, долгорочно ќе ја дефинира иднината на Европа, безбедноста, економската конкурентност и составот на нејзиното население доколку биде усвоен.

Земјите членки на ЕУ ќе мора да прифатат почетна квота од 30.000 мигранти од земјите кои се изложени под притисок на нерегуларната миграција од Блискиот Исток и Африка, вклучувајќи ги Грција и Италија, или да платат околу 22.000 евра за секој неприфатен мигрант, се наведува во договорот.

Полска и Унгарија беа против новите правила, но тие беа надгласани.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петровска-Тагарев: Соработката во одбраната помеѓу Северна Македонија и Бугарија е исклучително значајна

Следно

Николоски: Доста е од тајни преговори позади завеса

Latest from Blog

Заедничката изјава на ЕУ и Советот за соработка во Заливот ги осудува иранските напади

Земјите од Заливот ја нагласија својата „обврска дека нивните територии нема да се користат за напади против Иран“. „Тие ја потврдија својата непоколеблива посветеност на дијалогот и дипломатијата како средства за решавање

Пренџов: Кога жената е силна, семејството е стабилно, кога семејството е стабилно, државата е посилна

Кога жената е силна, семејството е стабилно.Кога семејството е стабилно, државата е посилна, напиша на Фејусбук пратеникот, Љупчо Пренџов. Нашата обврска како носители на јавни функции е да создадеме општество во кое

Филипче поддржува протест за зголемување на минималната плата: Владата со изговори да не им се излезе во пресрет на граѓаните!

Во вечерашното издание на емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, се осврна на економските политики и минималната плата, оценувајќи дека таа е клучен показател
Go toTop