УМЕТНОСТА Е ЕДИНСТВЕН НАЧИН ДА ЈА ОСЛОБОДИМЕ ГЛАВАТА ОД МРАКОТ, ВЕЛИ РЕЖИСЕРОТ ИВАН ПОПОВСКИ ЗА СВОЈАТА КОМПАНИЈА „АРТАКТУМ“ ШТО ЌЕ НОСИ ПРЕТСТАВИ ВО СКОПЈЕ

April 9, 2023
1 min read

Реномираниот македонски режисер Иван Поповски, кој речиси 30 години живееше во Русија, заедно со неговата сопруга,  театарската продуцентка Татјана Дешко, во Скопје ја основаа компанијата „АртАктУм“. По дведеценискиот живот во Русија, живот во врвот на културната елита, по претставите кои беа оценувани со најпозитивни рецензии, добиваа врвна награди, Поповски и Дешко лани се преселија со семејството во Скопје.

Поповски и Дешко велат дека во време кога има многу мрак околу нас, единствен начин на ослободување на нашите глави е уметноста. Колку повеќе место во нас пополнуваме со убавина, толку помалку место им оставаме на стравовите и темнината.

„Мечта и цел на ‘АртАктУм’ е да донесе во Македонија значајни, интересни и моќни претстави од различни видови на сценската уметност, кои ќе создадат нова почва за размислување и уживање за тие што веќе го сакаат театарот. Се надеваме дека кругот на вљубеници во театарот постепено ќе се шири и ќе вовлече нови луѓе, коишто не се ни свесни што губат, не пуштајќи го театарот во својот живот. А и многу би биле среќни доколку нашите проекти станат инспирација, поттик и провокација за создавање нови ремек дела“, велат тие.

Во тимот се Поповски и Дешко и неколку нивни другари, кои многу им помагат во процесот.

„На секој проект ќе собираме посебен тим, во зависност од големината/профилитот/комплицираноста на проектот“, ни изјави Дешко.

„АртАктУм“ се отвора со проектот „Театар на платно“, кој на македонската публика преку проекции сака да ѝ ги прикаже култните, убавите, спорните, страшните и легендарните театарски претстави од целиот свет, кои го смениле театарот засекогаш. Селектор на проектот е Поповски.

На 27 април почнуваат со проекција на легендарната претстава „Кафе Милер“ на Пина Бауш во Кинотеката. Театарската претстава „Кафе Милер“, поставена во 1978 година, се базира на личните детски и младешки спомени на Пина Бауш. Дејството се одвива во празно кафуле каде луѓето кои ја изгубиле надежта во и способноста за љубов ја преживуваат својата осаменост. Пина танцува токму за оваа осаменост. Ова е официјалната верзија на филмот на Пина Бауш, снимен е во август 1985 година, на настапот во Вупертал.

Во септември 2017 во Скопје се одржа театарскиот фестивал „Иван се враќа дома“, посветен на три спектакуларни претстави на  Поповски,  настан што беше театарски празник за Македонија. Московскиот театар, матична сцена на Поповски, „Мастерскаја на Пјотр Фоменко“ гостуваше со по 2 изведби на „Алиса зад огледалото“, „Отровната туника“ и „Сонот на летната ноќ“.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

И покрај руската инвазија, Зеленски сè уште смета дека Украина ќе стане дел од НАТО

Следно

Тунис: При потонување на две пловила со мигранти исчезнаа најмалку 27 лица

Latest from Blog

Баба Ванѓа најави мрачна есен: Предвидела вистинска катастрофа до крајот на 2025.

Иако почина во 1996 година, нејзините визии, честопати криптични и отворени за дискусија, продолжуваат да интригираат, објавува Net.hr. „Двоен оган“ За годината 2025, а особено месеците што следат по летото, нејзините визии

Челзи останува без Делап до ноември

фото: Chelsea Transfer Talks (X) Младиот напаѓач на Челзи, Лиам Делап ќе продолжи со тренинзи дури во ноември. Новото засилување за лондончани заработи повреда на тетивата на натпреварот против Фулам (2:0) и

ОН: За голем број Палестинци, евакуацијата од градот Газа е невозможна

Портпаролот на Обединетите нации, Стефан Диџарик, денес изјави дека иако Израел издал наредба за евакуација што го опфаќа целиот град Газа, каде што околу еден милион Палестинци се засолниле, многумина од оние

Николоски: СДС преку тајните служби креираа мастер план во три чекори да се забрани политичкото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ

Мастер план во три чекори е криериран од поранешното раководство на СДС преку злоупотреба на безбедносните служби се со цел да се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Јас тие детали прв ги
Go toTop