Улиците во Тетово ќе добијат нови имиња: Скендербег, Исмаил Ќемали, Браќа Фрашери… дел од предлозите

January 19, 2025
1 min read

Од 297 улици во Тетово, само 81 од нив имаат имиња, додека другите 216 или воопшто немаат имиња или се со бројка. Општина Тетово во јануари минатата година формираше комисија која ги евидентира улиците и сега е во фаза на отворање јавна дискусија за нивните имиња. Претседател на оваа комисија е советникот Арѓенд Велиу од движењето Беса. Тој вели дека целта е улиците на Тетово да добијат име.

„Општина Тетово формираше комисија или работна група чија основна задача е да се занимава со промена на имињата на улиците, односно со именување и преименување на улици во градот Тетово, плоштади, паркови и некои инфраструктурни објекти. Оваа постапка започна минатата година. Создавањето на уште една работна група која е фокусирана на терен, ги детектираше сите улици во градот Тетово и со конечниот извештај излезе дека во Тетово има вкупно 297 улици“, изјави Арѓенд Велиу, советник од БЕСА.

Оваа иницијатива ја има поддршката и од советниците на ДУИ.

„Најпрвин разговаравме за поделба на оваа постапка во неколку фази, за првично да се именуваат улиците кои имаат само бројки и сите имавме консензус, а како советници на ДУИ инсистиравме да се сменат улиците кои имаат стари имиња. Врз основа на последниот состанок, мислам дека имаме договор дека и ова треба да биде вклучено, а што се однесува до поддршката, даваме поддршка и активно учествуваме во овој процес и мислам дека нема да имаме проблем да стигнеме таму каде што треба да се биде“, изјави Ветон Мурати од ДУИ.

Советникот на Алтернатива спомна неколку предложени имиња.

„Вреди да се напомене дека предлозите ги поделивме во неколку групи и ќе наведам неколку. Дејци кои се предложени се Мурат Исаку, Фадил Сулејмани или просветникот Абдилселам Емини, хоџа Мамут Аслани, Реџеп Вока. Имаме и други личности од националната историја, Скендербег, Исмаил Ќемали, браќата Фрашери“, изјави Фатон Селами.

Следната недела општина Тетово ќе распише јавен оглас и граѓаните ќе можат да ги достават своите предлози за имињата на улиците, а предлозите потоа ќе треба да поминат во Советот и владина седница. Заедно со новите имиња ќе бидат доставени и предлозите или измените кои беа направени во 2007 година.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Мала ама најзагадена земја во Европа

Следно

Хамас му ги предаде на Црвениот крст трите заробенички Израелки

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop