Укренерго: Русија изврши напад врз енергетската инфраструктура во Одеса

April 5, 2024
1 min read

КИЕВ (АА) – Украинскиот оператор на преносниот систем за електрична енергија Укренерго објави дека руската Армија со беспилотни летала извршила напад врз енергетската инфраструктура во украинскиот регион Одеса, јавува Анадолу.

Од Укренерго е наведено дека руските сили ја гаѓале енергетската инфраструктура во Украина.

„Русите во текот ноќта повторно ги нападнаа објектите за енергетска инфраструктура во Одеса со беспилотни летала, а дел од опремата е оштетен“, објавија.

Командата на украинските воздухопловни сили навела дека Русија извршила напад на украинска територија користејќи две ракети С-300/С-400, четири балистички ракети Искандер-М и 13 беспилотни летала Шахед.

Соопштено е дека како резултат на борбените операции на украинските воздухопловни сили биле соборени 13 дронови во регионите Запорожје, Одеса и Дњепропетровск.

Началникот на Воената управа на Запорожје, Иван Федоров, изјави дека седум беспилотни летала биле соборени над регионот Запорожје, но не даде информации дали има штета или човечки загуби.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Таравари од Дебар ја започна кампањата за претседателските избори

Следно

Продолжува потрагата по телото на малата Данка

Latest from Blog

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.

Ристовски најави: 438.000.000 денари поддршка за македонскиот спорт

Македонскиот спорт ќе добие 438.000.000 денари поддршка од државата соопшти министерот за спорт Борко Ристовски во своето обраќање на денешното редовното годишно Собрание на Ракометната федерација на Македонија (РФМ). – После субвенциите

Бастони и кажа “ДА“ на Барса!

ФОТО:facebook.com/Inter Еден од најдобрите дефанзивци во светот и еден од најдобрите фудбалери на Интер и селекцијата на Италија, се сели во Ла Лига. Алесандро Бастони, ги прифати сите услови понудени од Барселона
Go toTop