Украинските воздухопловни сили пријавија руски напади со дронови во источна и јужна Украина

May 27, 2025
1 min read

Во источните и јужните делови на Украина синоќа беше прогласена воздушна тревога, откако украинските вооружени сили преку „Телеграм“ предупредија за нови руски напади со беспилотни летала.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека нападите се случиле во областите Суми, Харкив, Днипро и Миколаив, како и над црноморскиот пристанишен град Одеса. Според властите, во нападите биле користени и ирански дронови од типот „Шахед“.

Локални медиуми јавија за експлозии во областа Суми, која се наоѓа во близина на границата со Русија.

Сѐ уште не е познато дали интензитетот на овие напади е ист како и во изминатите ноќи. Украинските власти вчера соопштија дека во текот на викендот и претходниот ден биле регистрирани најголемиот број руски напади со дронови и ракети од почетокот на целосната инвазија во февруари 2022 година.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози

Следно

Задолженоста на компаниите порасна за половина милијарда евра – дали унгарскиот кредит ја поттикнува побарувачката?

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение
Go toTop