Украинскиот велемајстор Шевченко прогласен виновен за мамење

March 27, 2025
1 min read

Првостепениот совет на Етичката и дисциплинската комисија на Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) донесе едногласна одлука во врска со инцидентот што во октомври лани го предизвика 22-годишниот украински велемајстор Кирил Шевченко, кој беше обвинет за мамење за време отвореното првенство на Шпанија.

Шевченко во текот на истрагата признал дека го земал телефон во тоалетот со намера да пристапи на играта Личес (Lichess), но негираше дека „навистина“ мамел, односно дека неговите постапки не влијаеле на играта.

Комисијата за ферплеј препорача тригодишна суспензија, со една година суспензија, како и отстранување на велемајсторската титула.

Етичката и дисциплинската комисија на ФИДЕ, сепак, ги зеде предвид олеснителните фактори, особено соработката на Шевченко со истрагата, признавањето на престапот и каењето.

ФИДЕ му изрече тригодишна светска забрана за работа со една година условна казна, но нема да му ја одземе титулата велемајстор, водејќи се притоа и од стручната оценка дека нема значајни статистички отстапувања во настапот на Шевченко на овој шампионат во однос на неговиот вообичаен рејтинг резултат.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Резерватот Налихан во Анкара засолниште за различни видови птици

Следно

Закажано ново рочиште за смртно прегазената Теодора

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop