Украинскиот премиер: Украина планира да се приклучи на ЕУ во наредните 2 години

January 30, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Украина планира да се приклучи на ЕУ во наредните две години, изјави украинскиот премиер Денис Шмихал, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Имаме многу амбициозен план за влез во ЕУ во наредните две години“, рече Шмихал во статијата објавена на веб-страницата „Politico.eu“.

Шмихал нагласи дека Украина очекува претпристапната фаза на преговори да започне во 2023 година.

Киев официјално аплицираше за членство во ЕУ на 28 февруари 2022 година, четири дена по почетокот на војната со Русија што Москва ја нарекува „специјална воена операција“.

Европската комисија го објави своето мислење за апликацијата за членство на Украина во ЕУ на 17 јуни минатата година, по што Европскиот совет му додели на Киев кандидатски статус.

Во декември минатата година, украинскиот Парламент усвои неколку нацрт-закони препорачани од Европската комисија за да го продолжи процесот на пристапување на земјата во ЕУ.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

#НаТочак #ПодВода

Следно

Германската ЦДУ го исклучува од членство поранешниот шеф на разузнавачката агенција

Latest from Blog

Почина Михаило Вукобратовиќ, режисерот на култната серија „Подобар живот“

Прославениот режисер Михаило Вукобратовиќ почина денес, 7 септември, во болницата КБЦ Земун, на одделот за неврохирургија, објавија српските медиуми. Тој бил примен во болница на 28 јуни кога падна снимајќи серија. Потоа

Ужасен ритуал за зависници од дрога во тивок манастир- пијат нешто одвратно, па „испуштаат душа“ (ВИДЕО)

По парна бања на високи температури, мажите пијат темен напиток со стотици состојки, а потоа повраќаат заедно, симболично исфрлајќи ги токсините од нивните тела. Древната практика, дел од единствена програма за детоксикација,

Мртов Канаѓанец со години лежел во ладилникот на КБЦ Котор од тажна причина: КОНЕЧНО Е ПОГРЕБАН, НО МАЛКУ ПОИНАКУ

Канадскиот државјанин Дејвид Бери Њуел (роден во 1947 година) од Сиднеј, кој починал на 29 август 2023 година во Клиничкиот болнички центар во Котор, бил погребан дури на 2 септември оваа година,

(ВИДЕО) Омерагиќ: „Само напред, момци!“ – по победата над Лихтенштајн

По убедливата победа од 5-0 против Лихтенштајн, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, се сретна со македонските фудбалери за да им честита на успехот. „Само напред, момци! Сигурно и самоуверено,
Go toTop