Украина во текот на зимата ќе се снабдува со течен природен гас од Грција

November 16, 2025
3 mins read

Договор за транспорт на американски течен природен гас (LNG) од Грција до Украина, потпишаа во Атина грчките и украинските државни компании „ДЕПА“ и „Нафтогаз“ во присуство на премиерот на Грција Киријакос Мицотакис, претседателот на Украина Володимир Зеленски, министерот за животна средина и енергија на Грција Ставрос Папаставру и амбасадорката на САД во земјата Кимберли Гилфојл, јави дописничката на МИА од Атина.

Украинскиот претседател е во еднодневна работна посета на Грција и се сретна со грчкиот претседател и грчкиот премиер, а во фокусот беа енергетиката и обезбедување на природен гас за земјата во текот на зимскиот период, грчката поддршка за Украина, како и обновата на земјата.

По средбата во премиерската палата, Мицотакис и Зеленски присуствуваа на потпишувањето на Изјавата за намера меѓу грчката „ДЕПА Трговија“ и украинската „Нафтогаз“ за снабдување на Украина со американски LNG, што според грчки владини извори, се однесува на периодот од декември 2025 до март 2026 година и „претставува клучен придонес за регионалната и европската енергетска безбедност и отпорност и паралелно ја поддржува Украина во тешкиот зимски период“.

Договорот предвидува транспорт на течен природен гас (LNG) од САД преку Рутата 1 што заеднички ја обезбедуваат операторите на преносните системи на Грција, Бугарија, Романија, Молдавија и Украина.

Грчкиот премиер и украинскиот претседател на заедничката прес-конференција се осврнаа на поддршката на Грција за Украина на сите нивоа во изминатите речиси четири години од почетокот на руската инвазија, а паралелно и двајцата ја истакнаа важноста на денешниот договор меѓу двете компании.

Зеленски посочи дека секојдневно „Русите ги напаѓаат украинските клучни инфраструктурни и енергетски точки“, додавајќи дека повеќето од електричните термоцентрали во Украина и изворите на гас „станаа цел на балистички ракети на беспилотни летала, ирански беспилотни летала и корејски ракети“, но и посочи дека разговорите и соработката со Грција „се важен дел од енергетскиот пакет за поддршка на Украина со потребниот гас“, паралелно заблагодарувајќи му се на Мицотакис што „овој план стана реалност“.

– Снабдувањето со гас ќе започне во јануари. Многу е важно што во првиот квартал планот ќе се имплементира. Исто така, договоривме и други многу брзи испораки на гас на долг рок. Денеска ги информирав премиерот, како и раководителите на нашите компании дека постојат договори кои се веќе подготвени, а им благодариме и на американските компании, на министерствата и на претседателот на Соединетите Американски Држави што ова станува реалност, како и на Грција, бидејќи е центарот за овие процедури преку ќе можеме да примаме гас од САД, посочи Зеленски.

Грчкиот премиер истакна дека со договорот во суштина се активира „Вертикалниот коридор“, со што Украина добива „директен пристап до диверзифицирани и сигурни извори на енергија, а Грција сега станува центар за снабдување на централна и источна Европа со американски течен природен гас“.

– Ова претставува клучен придонес за енергетската стабилност, отпорност и безбедност, не само на нашиот, туку и на вашиот регион. Станува збор за план што сега станува остварлив, по многу систематска работа на грчката Влада и е овозможен благодарение на географската положба, инфраструктурата и стратешките партнерства на Грција, рече Мицотакис, нагласувајќи дека „со други зборови Грција станува снабдувач на енергетска безбедност за Украина“.

Грчкиот премиер и украинскиот претседател се осврнаа и на актуелната ситуација во Украина, Зеленски посочи дека го информирал Мицотакис за ситуацијата на фронтот и за „перспективите и можностите во моментов за дипломатски прекин на војната“.

– Клучот е континуираниот притисок врз Русија, која ја започна војната и направи сè за да ја продолжи. Сите десетици можности за прекин на огнот беа отфрлени од руската страна, па затоа Русија заслужува понатамошни санкции и ќе бидеме многу благодарни за Грција што ги поддржува релевантните одлуки во рамките на Европската Унија. Исто така, цениме што Грција ги поддржува нашите иницијативи, хуманитарни иницијативи за враќање на киднапираните деца во Украина, кои беа киднапирани од Русија, нагласи Зеленски.

Мицотакис изрази „длабок згрозеност поради засилувањето на руските напади и врз невоени инфраструктури, со цивилни жртви“ и посочи дека употребата на вооружена сила за агресивни цели не може да се толерира.

– За Грција, неповредливоста на границите е неприкосновена и секогаш сме против секој незаконски чин. Го кажувам ова со целосна свесност за неговото значење за еден народ, бидејќи и за нашиот народ сè уште останува отворена раната на Кипар, на инвазијата и незаконската окупација, 51 година подоцна, сè до ден-денес, на северниот дел на островот, посочи Мицотакис и го увери Зеленски дека „во Атина имаат стабилен сојузник“.

На грчката поддршка за Украина се осврна и претседателот на Грција Константинос Тасулас, посочувајќи му на неговиот украински колега дека Атина ќе продолжи да ги поддржува напорите за најбрз можен прекин на огнот.

– Агресивниот ревизионизам, решавањето на споровите со вооружена сила, кршењето на меѓународното право, е нешто што Грција не може да го прифати под никакви околности. Затоа, бидете сигурни дека нашиот став кон вашата земја, прашањата што ги покренавте, и хуманитарните и оние за киднапираните деца и за енергетиката, нашиот став ќе остане ист, непроменет, секогаш на страната на Украина, порача Тасулас.

Зеленски, како на средбата со грчкиот претседател, така и на средбата со Мицотакис се заблагодари за грчката поддршка.

Денешната посета на украинскиот премиер на Атина од безбедносни причини, официјално беше соопштена утрово, а со одлука на грчката полиција од шест часот утрово до 22 часот забранети се собири и протести во центарот на градот како и во неколку атински населби.

Зеленски последен пат во Атина беше при крајот на август 2023 година, кога грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис организираше неформална вечера за лидерите од регионот по повод 20-годишнината од Солунската агенда за ЕУ интеграција на земјите од Западен Балкан, а беше поканет и претседателот на Украина. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Португалија на Мундијал, Ирска ја расплака Унгарија

Следно

Трипуновски: Нема потреба од загриженост кај земјоделците, вршиме контрола на 50-тина договори, ќе го информираме Брисел за исходот

Latest from Blog

Трипуновски: Нема потреба од загриженост кај земјоделците, вршиме контрола на 50-тина договори, ќе го информираме Брисел за исходот

Веднаш по онаа акција која се случи во четвртокот, каде беа приведени повеќе лица вклучувајќи го и директорот, нашиот национален механизам е на стопирање на дел од исплатата на ИПАРД средствата. Тоа

Еквадор: Уапсен водачот на озлогласената нарко-банда Лос Лобос

Еквадорските власти го уапсија водачот на бандата Лос Лобос, една од најголемите нарко-криминални групи во земјата, во соработка со шпанската полиција, изјави денес еквадорскиот претседател Даниел Нобоа. Вилмер Џовани Чаварија Баре, познат

АНАЛИЗА НА МИА: Македонските судии и JO работат помалку, со најниска доверба во Европа, а според просечната плата се како германските

Една од клучните борби против Предлог буџетот на Владата и Министерството за финансии доставен до Собранието, ја водат судиите и обвинителите. Тие бараат многу повеќе пари за својата работа, во која уживаат
Go toTop