Украина тврди дека уништила руски патролен брод во близина на теснецот Керч

March 5, 2024
1 min read

КИЕВ (АА) – Украинската воена разузнавачка служба денес соопшти дека уништила руски патролен брод во близина на теснецот Керч, што се наоѓа меѓу Русија и полуостровот Крим, кој Москва нелегално го анектираше во 2014 година, пренесува Анадолу.

Украинската воена разузнавачка служба на социјалната мрежа Телеграм наведе дека во текот на ноќта извршила напад на патролниот брод „Сергеј Котов“, кој наводно ѝ припаѓал на руската Црноморска флота.

Во соопштението се наведува дека во нападот со поморски дронови оштетена е крмата на бродот, како и неговата лева и десна страна.

„Мисијата е спроведена во соработка со Поморските сили на Вооружените сили на Украина и со поддршка на Министерството за дигитална трансформација на Украина“, се вели во соопштението.

Украинската страна соопшти дека со уништувањето на бродот предизвикана е штета од околу 65 милиони долари.

Руските власти сѐ уште не ги коментираа овие тврдења.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грција воведува „Посна кошничка“ во маркетите со посни производи по пристапни цени

Следно

Европската унија засилено вложува во воената индустрија

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата
Go toTop