Украина: „Распишувањето потерница за Зеленски е доказ за очајот на руската пропаганда“

May 5, 2024
1 min read

КИЕВ (АА) – Министерството за надворешни работи на Украина соопшти дека информацијата за издавање потерница по претседателот Владимир Зеленски во Русија е доказ за очајот на руската држава и нејзината пропаганда, известува Анадолу.

„Информацијата на Министерството за внатрешни работи на Русија дека Зеленски е ставен на т.н. потерница сведочи за очајот на руската држава и нејзината пропаганда“, се наведува во соопштението.

Се истакнува дека одлуката на Меѓународниот кривичен суд за приведувањето на претседателот на Русија, Владимир Путин, поради сомневање дека извршил воено злосторство е реална и дека таа одлука се применува во 123 држави.

Руското МВР вчера објави дека е распишана потерница по претседателот на Украина, Владимир Зеленски.

Украинскиот лидер се бара според Кривичниот закон на Руската Федерација.

Во февруари се навршија 2 години од Руската инвазија на Украина, како и 10 години од илегалното анектирање на украинскиот полуостров Крим и градот Севастопол.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДКСК ќе бара одговорност за случајот со Академијата на судии и обвинители

Следно

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop